Сакам да ти го изедам панкреасот () — семрежен роман, првично објавен од Јору Сумино во 2014 г. на семрежната страница Shousetsuka ni Narou. Во 2015 г., издавачката куќа Futabasha го забележала и наскоро романот бил објавен во печатен облик. Илустрацијата за корицата била нацртана од уметникот со псевдоним loundraw. Врз основа на романот, излегле три адаптации. Манга-адаптацијата излегувала од август 2016 до мај 2017 г. Адаптацијата во вид на долгометражен игран филм излегла во јули 2017 г., а долгометражниот анимиран филм во септември 2018 г.

Содржина Пролет. Април, време кога цутот на црешите е прикрај. Тој е осамен средношколец што избегнува блиски контакти со другите. Еден ден, во болницата, наоѓа чудна книга на чија корица рачно е напишан насловот „Живеам, умирајќи“.

Книгата се испоставува дека е дневник на неговата популарна соученичка Сакура Јамаучи. Во него дознава дека Сакура страда од неизлечива болест на панкреасот и дека ѝ остануваат уште помалку од една година живот. Главниот лик станува единствениот човек, покрај нејзиното семејство, кој знае за нејзината состојба. Меѓутоа, Сакура не очајува, туку се обидува да живее најнормален и исполнет живот што може. И покрај нивните сосема различни карактери, момчето решава да остане со неа. Поминувајќи време со оваа весела и непредвидлива девојка, недружељубивиот главен лик почнува постепено да се менува.

Ликови „Јас“ (јап. 「僕」) / Харуки Шига (јап. 志賀春樹) — главниот лик на приказната, од чие гледиште се раскажува. Сѐ до последното поглавје, неговото име не се спомнува. Тој е осамено и повлечено момче, кое поголемиот дел од времето го поминува читајќи книги. Опишан е од околината како „незабележлив соученик“. Случајно го наоѓа дневникот на болеста на Сакура и станува еден од ретките луѓе што знаат за вистинската состојба на девојката. Потоа, тој и Јамаучи почнуваат да се зближуваат и поминуваат многу време заедно, и покрај тоа што момчето е вознемирено од претерано веселото и детско однесување на Сакура. Откако, по смртта на Сакура, ги прочитал последните страници од нејзиниот дневник посветени нему, Шига дознава за вистинските чувства на неговата другарка и за значењето на зборовите што таа ги кажала. Благодарение на Сакура и на времето поминато со неа, Харуки станува поотворен.

Сакура Јамаучи (јап. 山内桜良) — главната јунакиња на приказната и соученичка на Харуки. Таа е весела, отворена и полна со живот девојка, целосна спротивност на главниот лик. И покрај тоа што страда од неизлечива болест, се обидува да се однесува безгрижно. Води дневник на болеста во кој ги опишува настаните поврзани со дијагнозата. Откако Харуки ќе го најде, Јамаучи почнува да се дружи со него, надевајќи се дека ќе го скрати своето осамено време до нејзината смрт. Таа се заинтересирала за Харуки откако во него, покрај отуѓеноста, видела искреност и сила што ѝ недостигале. Сакура се сметала себеси за слаба девојка што не може да живее без да се потпира на другите. Се вљубува во Харуки.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манги Категорија:Манга од 2016 година Категорија:Аниме-филмови Категорија:Јапонски филмови __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__