Процесот на образованието во Македонија има долга историја и разновиден развиток.

Образованието во времето на турската власт Во овој период можностите за развој на школството и просветата биле мошне неповолни. Животот на рајата бил претворен во борба за самоодржување. Условите за работа на ќелијните училишта значително се влошиле и поради дејствувањето на Цариградската патријаршија, која како привилегирана институција во Отоманската империја, го наметнувала грчкиот јазик во училиштата и богослужбата. Но и во такви услови манастирите успеале да ја зачуваат старословенската писменост и традиција. Тие располагале со сопствени библиотеки и ја продолжувале традицијата на препишувањето стари ракописи и книги. Во 16 и 17 век во Македонија имало 44 манастири. Укинувањето на Охридската архиепископија (1767) отворило простор за зголемено влијание на Цариградската патријаршија и за силни притисоци врз словенската просветна традиција, организирана по манастирите, црквите и училиштата. Постепено се уништувало се што било словенско. И покрај тоа, ќелијните училишта ја продолжувале својата работа.

Постоеле и училишта за муслиманските деца (турски и исламизирани). Оние за почетно образование биле нарекувани мектеби, а училиштата во кои се подготвувал верски кадар за мектебите и за шеријатските судови се викале медреси. Медресите биле средни училишта. Најпознато такво училиште (основано во Скопје во 1440 г.) било Иса-беговата медреса. Во 17 век во Скопје имало 6 медреси, во Битола 9, во Охрид 2 и по 1 во другите поголеми места.

Образованието во почетокот 19 и почетокот на 20 век мини|Зградата на првото световно заемно училиште во Скопје, отворено во 1848 год., кое го водел Јордан Хаџи Константинов-Џинот Во овој период суштински се менува физиономијата на традиционалното училиште. Општествено-економските промени карактеристични по стоковно-паричните односи, развојот на занаетчиството и трговијата, економскиот подем на македонските градови, зајакнувањето на македонската граѓанска класа, воспоставувањето на црковно-училишни општини, како органи на црковниот и просветниот живот, внесуваат битни промени во развојот, содржината и организацијата на училишниот живот. Најзначајна придобивка на овој период е појавата на световни училишта со настава на народен јазик (во средината на 19 век). Првите световни училишта се отворени во економски најразвиените градови: Велес (1837), Штип (1840), Скопје (1848), Куманово (1852), Тетово (1854) итн. До крајот на 1870-те световни училишта биле отворени во сите македонски градови и во поголемите села. Во 1875 г. во Македонија имало 65 градски и над 150 селски народни училишта. 370x370px|Образованието во световните училишта во Османлиска Македонија|лево|граничник|безрамка Процесот на развојот на световните училишта га имал следниот тек: понародување на грчките световни училишта; воведување на световни предмети и содржини во општинските ќелијни училишта; отворање нови училишта со световна настава. Носители на овие процеси и најпознати преродбенички учители биле: Димитар Миладинов, Јордан Хаџи Константинов-Џинот, Рајко Жинзифов, Константин Миладинов, Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Димитар Македонски и др. Училишниот живот во Македонија во периодот од 1830-те до 1870-те се остварувал без постоење на централна училишна власт. За организирањето, работата и управувањето на училиштата се грижеле посебни училишни настојателства или црковно-училишни општини, така што секое училиште се развивало самостојно и слободно.

По Берлинскиот конгрес (1878) школството во Македонија продолува да се развива под турска власт, но во услови на засилена конкурентска борба на грчката, на бугарската и на српската буржоазија за остварување што поголемо влијание во Македонија, што довело до отворање нови видови училишни установи. Освен основните и главните (прогимназијални), се појавиле и првите средни училишта, неделни и вечерни училишта за возрасни, забавишта итн. Бројот на училиштата значително се зголемува. Само Егзархијата, како главен експонент на големобугарската (санстефанска) политика, на прагот на 20 век (1899/00) во Македонија под своја контрола имала 781 училиште, од кои 718 основни, 58 полугимназии и 5 средни училишта: 3 гимназии (Солунската - машка и женска и Битолската) и 2 учителски школи (Скопје и Серес) со вкупно 39.454 ученици, од кои 13.460 во забавишните групи.

мини|Зградата на Бугарската машка гимназија во Битола (1899-1913)

+Број на запишани ученици во Егзархиските училишта во трите вилаети (Солунскиот, Битолскиот и Скопскиот)Основни (првоначални) училиштаУчебна годинаЗабавиштеI одд.II одд.III одд.IV одд.1893/949.4358.2015.1953.4571.9811895/968.8507.2314.7553.3341.947 Се зголемил и бројот на српските и на грчките училишта. По Балканските војни и поделбата на Македонија трите држави (Србија, Грција и Бугарија) спроведуваат политика на однародување и асимилација. Македонските деца во Вардарскиот, Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија биле присилени да учат во училишта на српски, на грчки и на бугарски јазик.

Образованието меѓу двете светски војни Период кога во македонските училишта и во другите воспитно-образовни институции во Вардарскиот дел на Македонија се учи на српски јазик, а употребата на македонски книги и на македонски јазик е строго забранета. По воспоставувањето на својата власт во Вардарскиот дел на Македонија, монархистичкиот режим на Кралството СХС (од 1929 г. Кралство Југославија) не признава постоење на македонска нација, македонски јазик, историја и култура. Македонците се третирани како „Срби“, а Македонија како „Јужна Србија“. Просветната политика е подредена на целта за денационализација и асимилација на Македонците. Затоа и раководењето на образованието и училиштата е наполно централизирано. Учителите се државни чиновници. Донесувањето наставни планови и програми, правилници и препораки, употребата на учебници и книги, назначувањето и отпуштањето на учителите, како и платите на учителите се во надлежност на Министерството за просвета. Образовниот процес е политички детерминиран и неразвиен. Бројот на неписменото населние е огромен, над 50%. мини|Филозофскиот факултет во Скопје при Белградскиот универзитет отворен во 1920 год. е најстарата високообразовна институција во Македонија Предучилишното воспитание речиси воопшто не е застапено. Средното образование, како во однос на мрежата, така и во однос на структурата, исто така, останува неразвиено. Освен гимназиите (полни и нижи), постојат само неколку средни стручни училишта. Во областа на високот образование дејствува само една институција - Филозофскиот факултет во Скопје, отворен во 1920 г., а образованието на возрасните се остварува главно преку неколку народни универзитети.

Се смета дека најповолен развој образованието во Македонија меѓу двете светски војни е достигнат во учебната 1939/40 г., за што сведочат следниве статистички податоци:

предучилишно воспитание: 25 забавишта со 1.611 деца; основни училишта: 850 со 1.808 паралелки, 95.000 ученици и 1.561 учител; средно образование: 41 училиште со 12.605 ученици, од тоа: нижи стручни училишта: 22 со 2.180 ученици средни стручни училишта: 4 (2 трговски академии, медицинско училиште и учителска школа) со 885 ученици, 27 паралелки и 60 наставници гимназии: 15 (6 полни) со 9.540 ученици, 237 паралелки и 397 наставници образование за возрасните: 67,5% неписмено население над 10-годишна возраст (според пописот од 1931).

Образованието во време на НОБ мини|Училиштето во Подвис, првото училиште на македонски јазик, денес во руинирана состојба Народноословодителната борба не била само борба за ослободување од фашистичките окупатори, туку и борба за национално и социјално ослободување, за подигање на образованието и на културното ниво на населението. Просветно-културната активност во времетно на НОБ имала специфичен карактер, не само поради огромниот број неписмени, туку и поради тоа што по Балканските војни употребата на мајчиниот македонски јазик била забранета. Затоа и борбата за афирмација на македонскиот јазик добила приоритетно место. Неписмените борци учеле да читаат и пишуваат, слушале политички предавања, го читале партизанскиот печат. Се работело и на описменување на образованието на населението. Се организирале разновидни активности и народот се запознавал со македонската историја, географија, со новите политички определби. По капитулацијата на Италија и воспоставувањето на народната власт на слободните територии во Западна Македонијасе отворени (есента на 1943) првите партизански училишта на мајчин македонски јазик (Подвис, Осој, Гари, Издеглавје, Слатино, Оздолени, Ботун, Ново Село, Долно и Горно Средоречје и Дебар).

При Главниот Штаб на НОБ и ПОМ се формира и посебен Просветен реферат на чело со Петре Богданов - Кочко. Почетоците на конституирањето сопствен национален систем на образованието се забрзани по одржувањето на I заседание на АСНОМ како државноправен облик на македонската државност (2 август 1944). На заседанието е донесено решение со кое македонскиот се прогласува за службен јазик во Македонија, што значи и за наставен во училиштата. Формирано е и посебно Поверенство за просвета на чело со проф. Епаминонда Поп Андонов. Президиумот на АСНОМ, заедно со Поверенството за просвета, донел повеќе одлуки и упатства за дефинирање на современата македонска азбука, на граматиката на македонскиот јазик, на наставните планови и програми, прирачниците и учебниците, организирањето аналфабетски курсеви, обезбедувањето учителски кадри, оспособувањето просторни услови за наставна работа, а го покренува и прашањето за отворање универзитет во Скопје. Благодарение на преземените мерки и активности многу основни училишта ја започнуваат својата работа уште пред конечното ослободување на Македонија.

Образованието по ослободувањето За само неколку години по завршувањето на војната, иако во мошне отежнати услови, беа удрени темелите на националниот воспитно-образовен систем, почнувајќи од предучилишното воспитание, па се до образованието на возрасните. Најзначајни промени се остварени во поглед на достапноста на училиштата на сите деца, младинци и возрасни, без разлика на социјалната положба, на националната и на верската припадност. Во рамките на новата ориентација, веднаш по ослободувањето, училиштата се издвојуваат од црквата, а сите приватни и црковни училишта (освен оние што подготвуваат свештенички кадри) се укинуваат, односно е извршено поопштествување на воспитно-образовниот процес. Тоа се рефлектира не само во односите држава-општество-образование, туку и во организацијата на воспитно-образовната дејност (работата на училиштата, местото и положбата на учениците и на наставниците во образовниот процес, итн.) што ги детерминира и сите подоцнежни промени на образовниот систем. Глобална карактеристика на развојот на образованието по Ослободувањето е брзото зголемување на бројот и на видовите воспитно-образовни установи и на образовниот опфат на децата, младите и возрасните, што резултира со постојано подобрување на образовната структура на населението.