Иван Алексов Сазданов — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.

Животопис Иван Алексов Сазданов бил роден во 1872 година од родители Алексо Сазданов и Измирка Стефанова во тетовското село Волковија. Негов помлад брат бил Атанас Алексов, исто така дел од ВМОРО. Основното образование го има завршено во Волковија, а 7ми клас гимназија во Истанбул. Од 1890 година работел како дукјанџија и како реонен началник на МРО, како и на организирање на чети, снабдување со храна, оружје. Ги снабудал војводите и нивните чети, како Наќе Војвода од кичевско, Никола Стојанов од Горно Јеловце, Пешо Пашата од Бугарија. Тодор Јуруков од село Влковија, и Милош од гостиварското село Сушица. Во 1902 година заедно со тројца четници биле предадени од турски шпиони во селото Милетино. Сепак успеале да пребегнат во селото Блаце при курирот Костадин. Од таму со помош на курирот пребегнале во селото Пуста Брезница, од таму во селото Ораовец кај војводата Иван Наумов Алабакот. Во 1904 година од Софија пребегнал со војводата Иван Наумов во Македонија, при што со четата ги посетиле селата Павлешенци, Богомила, Ораовец, и од таму заминале во битолско и прилепско во селата Жван, Слепче, Цер и Мало и Големо Црско. Преку Брод и Богомила заминал есента во Софија. Во 1905 година четата на Иван Алабакот била нападната во селото Павлешенци. При што братот на Иван Алексов, Атанас Алексов загинал, а Иван Алабакот успеал да се спаси. По убиството на неговиот брат тој се вратил во родното село. Во 1952 година живеел во Скопје од каде поднел молба за илинденска пензија.

Извори

Категорија:Родени во 1872 година Категорија:Дејци на ВМОРО