Свето Преображение — главна манастирска црква на Буковскиот манастир „Св. Преображение“ во битолското село Буково, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа над селото Буково, опкружена од шума, оддалечена околу 2 километри од селото. До нејзе може да се пристапи од селото Буково, но и од селото Крстоар по тесниот асфалтен пат кој поминува покрај Крстоарскиот манастир, од каде патот продолжува како макадам.

Историја

мини|300п|лево|Поглед на црквата кон Пелагонија во 1917 година

Храмот потекнува од век, а според натпис на самата црква таа била изградена во 1837 година.

Архитектура

Црквата е изградена во средишниот дел на комплексот, кој е ограден со камени ѕидови. Со својата содржина и квалитетот на изведбата е еден од најрепрезентативните споменици од ваков тип во потпелистерскиот регион. Архитектонски, претставува тип на градба во комбинација на трикорабна базилика и впишан крст со купола која се издигнува од средишниот дел на храмот. На источната фасада доминира седумстраната апсида. Впечатокот за јужната и северната фасада го надополнуваат по четири правоаголни прозорски отвори. Со внатрешноста на храмот се комуницира преку влезовите поставени на јужната, западната и северната страна. Над западниот влез е исклесан поопширен натпис во кој се споменува годината 1837 како време на завршување на изградбата.

Фрескоживопис

Во наосот вниманието го привлекуваат масивните столбови, оформени од по 10 до 12 кружни камени прстени. Тие се поставени во два надолжни реда од по четири столбови, меѓусебно поврзани со полукружни арки. На тој начин се потпрени разиграните сводни површини од трите издвоени кораби. Куполата се издигнува над четирите пандантифи од местото каде се вкрстуваат полукружните сводови. Низ осумстраниот тамбур, осветлувањето е обезбедено со прозорци. На масивните ѕидни површини во внатрешноста не се сочувани траги од живопис.

Икони и иконостас

Иконостасот, претставува висока преграда со три, а во средишниот дел и со четири реда од икони. Направен е во комбинација со делови од постар иконостас во резба, кој потекнувал од постарата фаза, чија судбина не ни е позната. Иконите се сликани во период од приближно педесет години.

Според натписите, можат да се датираат во 1862 и 1881, а еден дел се сликани и во 1908 година. Стилската анализа на иконите наведува на заклучоци дека се дела на локални зографи, кои твореле на овие простори во втората половина на 19 век. Многу значајна содржина на храмот е целиванието украсено со резба. Ова дело со високото ниво на уметничка обработка и многуте претстави изрезбани на мал простор, претставува вистински репрезент на достигнувањата во доменот на дрвената резба, од првата половина на век во Битолско и пошироко.

Галерија

Поврзано Битолско архијерејско намесништво Буковска парохија Буково

Наводи

Надворешни врски

Буково