Расел Најџел Латапи (роден 2 август 1968 година, во Порт оф Спејн) — тринидадски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Биографија Роден во Порт оф Спејн, Латапи за првпат бил забележан како игра фудбал на ниво под 10 години. Како млад, тој играл во фудбалската лига на средните училишта во Тринидад и Тобаго, и бил повикан во репрезентациите под 16 години и под 19 години.

Кога имал 19 години, Латапи имал можност да присуствува на Меѓународниот универзитет во Флорида, но тој избрал да продолжи со својата фудбалска кариера. Оваа одлука била поддржана од неговата мајка и покрај фактот дека во 1980-тите многу малку тринидадци имале забележителни кариери во спортот што би им овозможило да заработат за пристојно живеење.

Клупска кариера Во 1990 година, на возраст од 22 години, откако претходно играл за клубови во својата татковина и во Јамајка, Латапи се преселил во Португалија каде потпишал за Академика Коимбра, играјќи четири години во втората лига на земјата. За Академика одиграл речиси 150 натпревари и постигнал осумнаесет голови во последните две сезони, но клубот не успеал да избори промоција. Тој, исто така, го издвоил тренерот Витор Мануел како еден од тренерите кои најмногу ги обожавал.

Неговите настапи за Академика биле забележани од еден од најголемите португалски клубови, Порто, кој го потпишале Латапи во 1994 година. Под водството на Боби Робсон, тој му помогнал на клубот да освои две првенствени титули едноподруго, користен редовно во неговата втора година (26 натпревари и 5 гола). Исто така, тој станал првиот играч од Тринидад и Тобаго што играл во Лигата на шампионите, правејќи го своето деби во натпреварот -Порто 0-0 на 13 септември 1995.Russell Latapy; FIFA.com

Во летото 1996 година, Латапи потпиша за градскиот ривал на Порто, Боавишта. На 29 октомври 1996, тој постигнал два гола во победата со 5–0 над Динамо Тбилиси ​​во Купот на УЕФА, и бил дел од тимот кој на крајот триумфирал во Купот на Португалија, иако во финалето против Бенфика (3–2) тој останал неискористена замена.

По две години во Боавишта, Латапи ја напуштил Португалија засекогаш и се преселил во Шкотска, каде речиси го минал остатокот од целата своја кариера. Првиот клуб таму му бил Хибернијан предводен од менаџерот Алекс МекЛиш. Веќе во својата прва сезона му помогнал на клубот да избори промоција во Премиер лигата на Шкотска, добивајќи ја наградата за Играч на годината во Шкотската Прва дивизија. Тој продолжил со блескавите игри и во елитната дивизија на Шкотска, забележувајќи импресивна статистика и претставувајќи се како еден од најдобрите играчи на Хибернијан за време на својот престој таму, се до еден инцидент кој ќе го заврши неговото искуство во клубот: една ноќ дружејќи се со својот сонародник и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Двајт Јорк, Латапи завршил обвинет од полицијата за возење во пијана состојба. Инцидентот претставувал прекршување на кодексот на однесување за играчите на Хибернијан, на кои им било забрането да пијат 48 часа пред натпреварот, по што тој бил отпуштен од клубот на почетокот на 2001 година.

Откако бил отпуштен од Хибернијан, Латапи потпишал за Ренџерс, воден од Дик Адвокат. Тој не успеал да ја репродуцира својата најдобра форма на Ајброкс, дури и кога Меклиш го заменил холанѓанецот на кормилото на клубот - новиот менаџер изразил желба да тестира помлади играчи, а Латапи бил на 34; покрај возраста, неговите тенденции за забави, исто така, не му направил услуга да се наметне кај тренерот, за на крајот тој да си замине во јануари 2003 година.

Сезоната 2002-2003, Латапи ја заврил во дресот на Данди Јунајтед, додека во летото 2003 година, потпишал за екипата на Фолкерк. Таму поминал шест години, успевајќи да одржува добра форма и да биде повикуван редовно во репрезентацијата. Откако во 2009 година го напуштил Фолкерк, тој имал неколку престои во малку познати клубови пред официјално да ја заврши својата кариера во 2012 година, на 43-годишна возраст.

Репрезентативна кариера Латапи дебитирал за репрезентацијата на Тринидад и Тобаго на 29 ноември 1987, во победата со 4-0 над Барбадос во квалификациски натпревар за Карипското првенство 1988 во Фонтабел. Речиси една година подоцна, го имал својот втор настап во квалификацискиот натпревар за Светското првенство 1990 на домашен терен против (0-0). Тој бил дел од екипата наречена „Strike Squad“, на која ѝ требало само еден бод во последниот натпревар за да се квалификува за „Мундијалот“ во Италија, меѓутоа поразот со на 1–0 домашен терен од репрезентацијата на САД го спречил тој успех на тринидадците.

Во текот на 1990-тите години, тој бил дел од репрезентацијата која го освоила Карипскиот куп во 1992 и 1996. Настапил и на два КОНКАКАФ Голд купа во 1996 и 2000, на вториот Тринидад и Тобаго стигнале до полуфиналето.

Во 2005 година, по четири години без ниту еден настап, Латапи се вратил во репрезентацијата по интервенција на неговиот пријател Двајт Јорк - кој го сторил истото претходната година - и потпретседателот на ФИФА, Џек Ворнер. Неговиот прв натпревар по враќањето бил победата со 3–2 дома над Гватемала, во кој постигнал гол, а учествувал во уште пет натпревари од квалификациите за Светското првенство 2006, вклучувајќи ги и двата натпревари во одлучувачкиот интерконтинентален плејоф против Бахреин, преку кој репрезентацијата од Карибите се квалификувала за првпат во својата историја за Светското првенство во фудбал.

На Светското првенство во Германија, Латапи одиграл 25 минути во поразот со 2–0 од Парагвај во групната фаза, по која фудбалерите од Тринидад и Тобаго биле елиминирани. Враќањето на репрезентацијата било херојски пречекано на аеродромот Пјарко во Тринидад и, како признание за достигнувањата на играчите, на секој член од тимот му бил доделена втората највисока награда на Тринидад и Тобаго, Чаконија медал, и 1.000.000 TT$.

Хронологија на репрезентативните настапи

Титули Клупски Порто Примеира лига : 2 1994-1995, 1995-1996 Суперкуп на Португалија : 1 1994 Боавишта 10px Куп на Португалија : 1 1996-1997 Суперкуп на Португалија : 1 1997 Хибернијан Прва дивизија : 1 1998-1999 Ренџерс Лига куп на Шкотска : 1 2001-2002 Фолкерк Прва дивизија : 1 2004-2005 Челенџ куп на Шкотска : 1 2004-2005

Репрезентативни Тринидад и Тобаго Карипски куп : 2 1992, 1996

Наводи

Надворешни врски

Расел Латапи на transfermarkt

Категорија:Тринидадски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Порто Категорија:Фудбалери на ФК Боавишта Категорија:Фудбалери на ФК Хибернијан Категорија:Фудбалери на ФК Ренџерс Категорија:Фудбалери на ФК Данди Јунајтед Категорија:Фудбалери на ФК Фолкерк Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1968 година