Доксим Тортевски (15 мај 1935 – 30 септември 2014) бил македонски адвокат од Скопје, родум од Галичник, познат по својот повеќедецениски придонес во развојот на македонската адвокатура и правната практика.

Во текот на својата долга кариера, ја извршувал адвокатската професија повеќе од 47 години и оставил значаен белег во правосудниот систем на Македонија и поранешна Југославија.

Рани години и образование Доксим Тортевски е роден на 15 мај 1935 година во Галичник. Основното, средното и високото образование ги завршил во Скопје, при што дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот во Скопје со одличен успех.

По дипломирањето, извесен период работел како професор во Средното училиште за внатрешни работи, каде предавал предмети од областа на кривичното право и кривичната постапка.

Кариера По наставничката работа, Тортевски се приклучил кон Секретаријатот за внатрешни работи, каде работел како началник на Службата за безбедност во сообраќајот.

Во овој период го стекнал чинoт мајор на милиција, станувајќи еден од најмладите носители на тој чин во тогашната СФРЈ.

Во 1967 година ја започнал својата адвокатска кариера.

Со Решение бр. 83 од 24 јануари 1980 година, издадено од Окружниот стопански суд во Скопје, ја основал Првата адвокатска работна заедница – Ц.О. Скопје, лоцирана на Кеј „13 Ноември“, кула I/1.

Здружението било основано со здружување на трудот на четворица адвокати, и тоа: Гоислав Војводиќ, Доксим Тортевски, Благој Тасев – Бапчо и Душко Апостолски.

Во текот на својата адвокатска кариера, бил претседател на Адвокатската комора во Скопје, заменик и претседател на Републичката адвокатска комора, член на Претседателството на Сојузот на републички и покраински адвокатски комори на Југославија, а од 2002 година и активен член на Комисијата за помилување на Република Македонија.

Признанија

На ден 10.11.1990 година во Нови Сад, од страна на Претседателството на Сојузот на републички и покраински адвокатски комори на Југославија, донесена е Одлука за доделување на Повелба на југословенската адвокатура на Доксим Тортевски, во знак на признание и благодарност за придонесот кон развојот и унапредувањето на адвокатурата во Југославија, и нејзина афирмација во странство.

Наследство и значење Со својата работа, Тортевски придонел за подигнување на угледот на адвокатската професија во Македонија и бил пример за професионализам и правна етика.

Многу млади адвокати кои стажирале во неговата канцеларија подоцна продолжиле со успешни кариери во правосудството.

Наводи Архив на Окружниот стопански суд – Скопје, Решение бр. 83/1980 Адвокатска комора на Република Македонија – списоци и архиви Службен весник на СРМ, 1980 година Семејни архиви и сведоштва

Категории

Категорија:Македонски адвокати Категорија:Луѓе од Галичник Категорија:Правници Категорија:Македонски правници