„Боже, дали си тука? Јас сум, Маргарет.“ (англиски: Are You There God? It's Me, Margaret.) — краток роман за деца на американската писателка Џуди Блум, првобитно објавен во 1970 година.
Содржина (1-7 глава): Маргарет е 11-годишно девојче, ќерка на Барбара и Херб Сајмон. Семејството се сели од Њујорк во едно мало место во Њу Џерси и Маргарет е многу возбудена поради разделбата со баба ѝ Силвија, кон која е многу приврзана. Првиот ден по преселбата, таа се запознава со Ненси Вилер, девојче од соседството кое учи во истото одделение како Маргарет. Ненси ѝ дава бројни совети на Маргарет, а кај неа го запознава повозрасното момче Мус Фрид, кое се нафаќа да ја коси тревата пред нејзината куќа. Инаку, Маргарет има навика, секогаш кога се соочува со тешкотија, во себе да му се обраќа на господ. Еден ден, сосема неочекувано, бабата Силвија доаѓа во кратка посета на Маргарет, прекршувајќи го своето правило да не патува со воз. На првиот училишен ден, во училницата се појавува одделенскиот наставник, младиот Мајлс Бенедикт, иако учениците очекуваат наставничка. Маргарет станува членка на тајниот клуб на Ненси во кој членуваат уште неколку девојчиња од одделението. Притоа, според едно од правилата на тајниот клуб, Маргарет мора да купи градник. Оттогаш, таа посакува да ѝ пораснат градите. Исто така, сите членки на клубот мора да направат список на омилените момчиња, при што Маргарет го запишува најубавото момче во одделението, Филип Лирој, срамејќи се да признае дека ѝ се допаѓа Мус.Džudi Blum, Bože, da l’ si tu? Ja sam, Margaret.. Beograd: Laguna, 2024, стр. 7-51. (8-19 глава): За потребите на училишната работа, Маргарет решава да пишува за религијата и така, првпат во животот, оди во синагога, а потоа посетува и црква, но никаде не може да го почувствува присуството на бога. За време на прославата на Денот на благодарноста, таа има можност да игра заедно со Филип Лирој. Подоцна, на забавата што ја приредува еден ученик, таа ги добива првите бакнежи од момчињата. Еден ден, едно девојче од тајниот клуб соопштува дека добило менструација, а набргу, истото го кажува и Ненси. Поради тоа, Маргарет е истовремено љубоморна и нестрпила, зашто сака што побрзо да стане голема девојка. Подоцна, за време на излетот во Њујорк, Ненси навистина добива менструација, така што Маргарет открива дека нејзината другарка претходно лажела за тоа. Во училиштето, Маргарет е распоредена да прави истражување заедно со Лора Денкер, физички најразвиеното девојче во одделението за кое сите мислат дека е неморална. Кога Маргарет ја обвинува Лора дека прави непристојни работи со момчињата, сфаќа дека тоа не е вистина и се кае за навредата. Следејќи ја Лора, која влегува во црквата за да се исповеда, и Маргарет го прави истото, но веднаш бега од кабината за исповед.Džudi Blum, Bože, da l’ si tu? Ja sam, Margaret.. Beograd: Laguna, 2024, стр. 52-110. (20-25 глава): За велигденскиот распуст, Маргарет е поканета да ја посети баба си Силвија, која се наоѓа на одмор во Флорида. Меѓутоа, нејзината мајка добива писмо од родителите во кое тие ја најавуваат својата посета токму во истиот период. Бидејќи бабата и дедото по мајчината страна никогаш не ја виделе Маргарет, таа не добива дозвола да патува во Флорида, туку мора да остане дома. Веднаш по нивното доаѓање, бабата и дедото ја убедуваат Маргарет дека мора да биде примерна христијанка, а тоа предизвикува кавга меѓу нив и родителите на Маргарет. Така, бабата и дедото веднаш си заминуваат, а Маргарет се откажува од потрагата по бога. Истата вечер, во нивната куќа пристига бабата Силвија со нејзиниот придружник кого го запознала во Флорида и кој сака да се ожени со неа. На крајот од учебната година, наместо тетратката со домашната работа, Маргарет му пишува писмо на наставникот, известувајќи го дека не може да избере на која религија да припаѓа. Наскоро започнува летниот распуст, а при една средба, Маргарет го навредува Мус, обвинувајќи го дека е неморален, и тогаш сфаќа дека не треба да ги прифаќа како вистина лагите на Ненси. Еден ден, додека се подготвува за одмор, Маргарет конечно ја добива првата менструација.Džudi Blum, Bože, da l’ si tu? Ja sam, Margaret.. Beograd: Laguna, 2024, стр. 111-136.
Наводи
Категорија:Романи на Џуди Блум Категорија:Американски романи Категорија:Романи на англиски јазик Категорија:Романи кои се одвиваат во САД Категорија:Книги од 1970 година Категорија:Детска книжевност