Миодраг Перишиќ ( Суботица, 31 јули 1948 – Отава, 6 мај 2003) бил српски писател, литературен критичар и политичар.
Тој бил еден од основачите и потпретседател на новообновената Демократска партија, прв министер за информации на Сојузна Република Југославија и амбасадор на Сојузна Република Југославија/ Србија и Црна Гора во Канада од 2001 година се до неговата смрт во мај 2003 година.
Биографија Иако бил роден во Суботица, Перишиќ го завршил основното и средното образование во Белград. Дипломирал филозофија на Филозофскиот факултет при Универзитетот во Белград. За време на студиите учествувал во уредувањето и издавањето на списанијата „Студент “ и „Видиќи“ а подоцна работел како уредник на списанието „Књижевна реч“.
Работел како новинар-хонорарен работник до 1978 година, кога почнал да работи како секретар на Фондација „Иво Андриќ“ во Белград до 1984 година. Од 1984 до 1992 година бил главен уредник на списанието „Књижевне новине“. Бил активен член на српскиот ПЕН центар и потпретседател на Меѓународниот ПЕН центар.
Во есента 1991 година, Перишиќ бил гостин на институцијата Хувер за војна, револуција и мир на Стенфордски универзитет во Калифорнија. Во есента и зимата 1991/92 година, бил гостин на неколку универзитети во Соединетите Американски Држави и држел предавања за корените на југословенската криза, улогата на интелектуалците и причините за распадот на СФР Југославија. Во ноември и декември 1999 година, тој ја посетил Школата за влада „Џон Ф. Кенеди“ како гостин-професор, а исто така оджал и предавања на Универзитетот Вилијам Хауард Тафт.
Перишиќ е автор на неколку книги и антологии на модерна српска поезија. Неговата последна книга е „Урнатините на еден идеолошки рај“, објавена 1995 година.
Политичка кариера десно|мини|Презентација на кандидатите на Демократската партија на првите повеќепартиски избори во Србија во 1990 година Со група на истомисленици, меѓу кои и Зоран Ѓинѓиќ и Воислав Коштуница, Перишиќ ја обновил Демократската партија во 1989 година. Во летото 1992 година, тој бил избран за член на првата Сојузна влада на Сојузна Република Југославија како министер за информации во владата на Милан Паниќ. Истата година, бил избран за пратеник на Демократската партија во Сојузното собрание. Од 1994 до 2000 година, бил потпретседател на Демократската партија а од 1996 до 2000 година, бил сојузен пратеник избран од Коалицијата Заедно.
Перишиќ бил коосновач на невладина организација „Советот за демократски промени во Србија“, каде што бил претседател и на Политички комитет до декември 2000 година. Тој бил меѓу граѓани кои го поздравиле соборувањето на Слободан Милошевиќ на скалите од зградата на Федералното собрание на 5 октомври 2000 година. Во 2001 година бил назначен за амбасадор на Сојузна Република Југославија во Отава, главниот град на Канада, каде бил високо ценет од локалната српска заедница, континуирано работејќи на поголема меѓусебна поврзаност на дијаспората и нејзина интеграција во политичкиот и општествен живот на Србија и Црна Гора.
Поранешниот министер за надворешни работи Горан Свилановиќ истакнал дека Перишиќ „со своето достоинство како интелектуалец отворил многу врати што биле затворени за другите, со што успеал да донесе мала земја, како што се Србија и Црна Гора, во друштво на големите“.
Приватен живот Тој бил во брак со Жанета Ѓукиќ; двојката имала ќерки близначки.
Смрт Перишиќ починал на 6 мај 2003 година од срцев удар додека тренирал на лента за трчање на Универзитетот во Отава, еден месец пред крајот на неговиот двегодишен мандат. Имал 54 години. Бил погребан на 13 мај на Новите гробишта во Белград.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Политичари од Демократската партија (Србија) Категорија:Српски политичари Категорија:Српски книжевни критичари Категорија:Српски писатели Категорија:Родени во 1948 година Категорија:Починати во 2003 година