Андра Прадеш () — сојузна држава во југоисточна Индија со површина од и 49.386.799 жители (2011).
Се граничи со Телангана, Одиша на североисток Карнатака на запад, Тамил Наду на југ и Бенгалскиот Залив на исток. Ова е осма држава во Индија по површина и десетта по население. Главен град формално е Хајдерабад, но во пракса управувањето се одвива во Амаравати. Најголем град е Вишакапатнам. Има втор најдолг брег (974 км) од државите на Индија.
Андра Прадеш се наоѓа меѓу 12°41' и 22° северна географска ширина и 77° и 84°40' источна географска должина. Повеќе од 77% од жетвата отпаѓа на ориз; (17.796.000 тони во 2006 година) Низ државата минуваат две големи реки — Годавари и Кришна. Основана е во 1956 г., а прекроена во 2014 г. кога од дел од нејзината територија е создадена државата Телангана.
Поврзано Список на окрузи во Андра Прадеш
Наводи
Надворешни врски Влада на Андра Прадеш Министерство за туризам на Андра Прадеш
Категорија:Сојузни држави и територии на Индија Категорија:Држави и територии настанати во 1956 година