Иван Тодоров Тодев (познат како Смолски, Иван Капитанов, Бељал Чауш, Вељан Чауш, Аџијата, или Хаџи Иван) (Смол, – Едрениково, ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Животопис Тодев е роден во 1877 г. во селото Смол, Гевгелиско, тогаш во Отоманското Царство, денес во Грција. Под влијание на Гоце Делчев стапил во ВМОРО. Во почетоците извршувал терористички задачи. По заповед на Окружниот комитет го убил Бељал Чауш, агент на власта, па оттука го добил прекарот Бељал Чауш. Подоцна станал војвода во Горноџумајско, а од 1905 г. е околиски струмички војвода на ВМОРО.

На 2 јуни 1905 година, близу до селото Едрениково, Струмичко, неговата чета со девет лица била предадена и опколена. По целодневна битка по обид да го пробијат обрачот загинале војводата и тројца четници.

Наводи

Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Терористи на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери