Чурилек или Чуриљак — историско село во Кочанско, денес маало на Јастребник.

Географија Селото се наоѓало јужно од Чурилска Чука (1.337 м). Традицонлано имало две маала – Горен и Долен Чурилек.

Историја На крајот од XIX век Чурилек било чисто македонско село во Кочанската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чурилякъ имал 100 жители, сите Македонци христијани.

На почетокот на XX век населението било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Чурилек (Tchourilek) имало 56 Македонци, сите под егзархијата.

Подоцна селото станало дел од Јастребник како негово маало.

Личности Јордан Илиев — револуционер, четник на војводата Симеон Георгиев во 1915 г.

Поврзано Јастребник

Наводи

Категорија:Историски села во Македонија † † Категорија:Јастребник