мини Чот во геологијата, (исто така хот, шот или шат) е солено езеро во африканскиот Магреб кое останува суво поголемиот дел од годината, но добива малку вода во зима. Надморската височина на површината на ова езеро е регулирано со положбата на подземните води и капиларниот раб, и притоа седиментот се дефлација настаниува кога подземните води опаѓаат, а седиментот се насобира кога подземните води се покачуваат. Тие се создаваат - во рамките на променливите брегови - со пролетното топење на водата од планинскиот венец Атлас, заедно со повремени извори на дождовница или подземни води во Сахара, како што е Басенот Сахара.
Извори на вода Чотите од Сахара се хранат повремено за време на периоди со малку дожд. Тие се изложени на голема брзина на испарување, па оттука солите, конечно се акумулираат на површината на седиментот. Всушност, годишните стапки на испарување годишно кај чотите често надминуваат 20 пати поголема од годишната стапка на врнежи. Ова акумулирање на сол може да доведе до тоа чотите да имаат особено високо албедо, иако со споредлива варијабилност. Додека таложењето на евапорити преовладува на чотите, во повлажни климатски периоди, слоеви од кал можат да се таложат на површината на чот. Кога се во близина на извор на лабав песок, ветреното натрупување може да придонесе и во седиментното таложење на површината на чот.
Сахарско Море Бидејќи многу од нив се наоѓаат под нивото на морето, некои европски колонијалисти и инженери ги сметале за можност да создадат внатрешно море во пустината Сахара (познато од многумина како „Сахарско Море“) со сечење канал до Средоземното Море (или во некои случаи, до Атлантскиот Океан). Таквиот канал би овозможил водата од морето да тече кон внатрешноста. Се надевале дека ова ќе ја олесни трговијата и поморската војна, како и ќе ги промени климатските услови на Сахара.
Аналогно на марсовските релјефни форми Чотовите се проучувани и затоа што се смета дека се аналог на Земјата со слични карактеристики на планетата Марс. Иако постојат значителни разлики помеѓу копнената и марсовската геологија, се верува дека некои карактеристики на Марс се и евапоритни басени и следствено делат барем некои карактеристики на чотовите. Еден пример за сомнителен марсовски евапоритен басен е кратерот Холден.
Список на главни чотови
Чот ел Џерид Чот ех Черги Чот Мелхир Чот ел Феџеј Чот ел Ходна Шат ал Гарса
Поврзано
Шат ал-Араб Нуакшот
Наводи
Категорија:Езера