десно|мини|Од чамец на езерото Лугу Лугу () — езеро кое се наоѓа на северозапад од висорамнината Јунан, а средината на езерото претставува граница меѓу округот Нингланг во покраината Јунан и округот Јенјуен во покраината Сичуан. Се верува дека езерото настанало во геолошки расед кој припаѓа на геолошкиот период доцен кенозоик. Тоа е алпско езеро на надморска височина од 2.685 м и е највисокото езеро во покраината Јунан. Езерото е опкружено со планини и има пет острови, четири полуострови, четиринаесет заливи и седумнаесет плажи.
На бреговите на езерото живеат многу помали етнички групи, како што се Мосуо, Норзу, Ји, Пуми и Тибетанци. Најбројни од нив се народот Мосуо за кои се вели дека се потклан на народот Нашји (според кинеската евиденција на малцинствата во Кина) со древна семејна структура која се смета за „жив фосил за истражување на историјата на брачниот развој на човековите суштества“ и „последното необично царство на матријархатот“. Се смета за дом на племето Мосуо. Меѓутоа, Мосуо имаат одвоен идентитет од Нашји, бидејќи се вели дека Кинезите го користеле зборот Мосуо како генерички термин за различни етнички групи, вклучувајќи ги и Нашјите.
Езерото Лугу според народот Мосуо се нарекува „матично езеро“. Езерото е исто така добро познато во кинеските патописни брошури како регион на „Амазонки“, „Кралство на жените“ и „Дом на матријархалното племе“, ова име ја истакнува доминантната улога на жената Мосуо во нивното општество. Обредните венчавки на народот Мосуо се познати како церемонија на „езу венчавки“ и овој единствен аспект на нивната социјална култура ѝ ја дал титулата на оваа област „егзотична земја на ќерките“. Исто така е познато и како „необично царство на матријархатот“. Матријархално општество и општество по мајчина линија Мосуо исто така се нарекува и „свет на жените“.
Етимологија На Мосуо јазикот Лугу значи „паѓа во вода“, а ху значи „езеро“ на кинески, што во комбинација го дава името на езерото.
Географија десно|мини|Езерото Лугу наутро десно|мини|Поглед на езерото Лугу од блиската жичарница десно|мини|Островот на кој живеел Јозеф Рок Езерото Лугу е природно езеро во планинскиот систем Хенгдуан и има форма на потковица. Ограничено е со географски координати и . Сместено е на висока висорамнина на ридот Ќаоленгшен во западен Јунан. Лионската планина која го опкружува езерото, која се обожава како божица Гамо, главно е божeство на народот Мосуо кои го населуваат тоа подрачје. Езерото има слив со големина од 171,4 км². Езерото воглавно потекнува од врнежи, а неговата вода има тиркизно сина боја. Јужниот брег на езерото се наоѓа во автономната регија Ји во Нингланд. Должина на езерото е 9,4 км, широчина 8 км (средна ширина е 5,2 км), површина на водата е 50 км² (се споменува и 48,5 км²) и просечна длабина е 45 м. Најголема длабочина на езерото изнесува 93,5 м (90 м се исто така се споменува во некои референци) што го прави второ најдлабоко езеро во Кина, по езерото Фуксианху. Езерото Лугу е порабено од двете страни со стрмни планини и делумно пошумени падини; го напојува реката Мосуо, а истекува во реката Гаизу, која се спојува со реката Јалонг и конечно се влева во реката Јангцекјанг. Геолошки, се претпоставува дека е едно од најмладите раседни езера на висормнината Јунан.
Реката Гајѕу, која извира од езерото на неговиот југоисточен крај, има контролиран излез кој работи само во текот на дождовната сезона и останува затворен од септември до мај. Езерото Лугу е покриено со снег три месеци во годината; на есен и пролет има ладна и сува клима со топли дневни температури.
Водите покажуваат транспарентност до длабочина од 11 метри, а самото езеро има четири истакнати полуострови и пет острови. Петте острови се: островот Хејваву во средиштето на езерото, кое го населуваат различни птици, островот Ливуби, островот Лиге, островот Никси (најмалиот остров, карпа со долгнавеста форма покриена со грмушки и мов) и островот Лама. Трите полуострови и островот се поврзани со брегот со камени поплочени патеки.
Кривулестите брегови на езерото ги заземаат неколку етнички малцинства кои припаѓаат на племињата Мосуо, Норзу, Ји, Пуми и Тибетанци. На брегот се наоѓаат селата Луошуеј и Лиге, кои се популарни туристички дестинации. Изградени се многу плажи кои станале популарни туристички атракции. Пешачката тура по должината на периферијата на езерото е популарен начин за набљудување на прекрасното езеро и неговите предели.
До 1982 година до езерото немало патишта. Езерото е оддалечено 200 км од градот Лиѓанг, седиште на покраината Нингланг, по должина на патот кој поминува низ некои од најживописните знаменитости на патот помеѓу Џунгдјен и Декуин. На патот, меѓутоа, влијае лошото време.
Со кануа може преку островот Лама да се стигне до селото Луошуеј на јунанската страна и селото Мукуа на сичуанската страна на езерото. Кануата на локалниот јазик се познати како „зукачуан“, што значи „чамци - свињски корита“. Патеката за трекинг, која е популарна кај будистичките поклоненици, започнува во Луошуеј и таму исто така завршува. Будизмот е распространет околу езерото, бидејќи на бреговите на езерото има манастири од тибетски тип, воглавно од редот Гелугпа, воспоставени од народот на тибетски бурманци кои се населиле околу езерото; важни манастири на бреговите се Даминг Гонпа или Јирадзонг Гонпа, Шуби Гонпа, Озер Гонпа, Галонг Гонпа и манастирот Ѓембу, последниот припаѓа на редот Сакија
Историјата на местото е исто така добро позната по својата матријархална култура, а исто така и по облеката посебно на жените и девојките Мосуо, која е особено впечатлива по своите блузи и здолништа кои воспоставуваат аура на авторитет. десно|мини|Мочуришно земјиште на периферијата на езерото Лугу десно|мини|Поглед на тревната вода на брегот на езерото Лугу десно|мини|Ottelia acuminata var. crispa. Моментално, можеме да ја видиме само во езерото Лугу, бидејќи може да расте само во исклучително чиста вода. За време на сезоната на цветање, глетката на мали бели цветови кои го прекриваат езерото е спектакуларна.
Историја Кублај-хан со својата монголска војска основал воен штаб јужно од езерото Лугу. Следела феудална влада кога тука биле сместени офицери и трупи. Кублај-хан го вовел будизмот и ги применил правила на цивилна управа, заедно со верски начела, околу езерото Лугу и Јонгнинг. Во тоа време практиката на моногамен брак која ја практикувале службеници на монголската војска исто така била прифатена и меѓу етничкиот народ Мосуо, особено во селата Јанкуба и Туодиан. десно|мини|Шарено облечени девојки од Мосуо десно|мини|Мосуо момчиња мини|Облека за верски церемонии на Мосуо, фотографија нснимена во Мосуо народниот музеј
Легенда Древна легенда врзана за езерото е дека преубав женски дух по име Гему имал многу локални планински духови како свои машки пријатели. Духот бил убав, а исто така имал машки пријатели и меѓу машки духови од другите планински регии. За време на еден од нејзините интимни дружења со локален машки дух, планинскиот дух од далечна планина дошол во нејзината куќа на коњ. Кога ја затекнал во друштво со локален машки дух, се почувствувал понижен и бргу го завртел коњот и тргнал назад. Гему го чула режањето на коњот и сфатила дека на коњ и дошол далек планински дух во посета. Изалегла од куќата и почнала да трча по духот посетител. Можела да го види само големиот отпечаток од копито во подножјето на планината каде машкиот дух исчезнал. Бидејќи паднала ноќта, Гему не можела понатаму и таа почнала избезумено да плаче, што резултирало со тоа отпечатокот од копитото да се наполни со солзи и да се претвори во езеро. Кога машкиот дух слушнал како плаче и видел дека отпечатокот од копито се претворил во езеро од нејзините солзи, со љубов фрлил неколку бисери и цвеќе во езерото. Бисерите се сега идентификувани како острови во езерото, а за цвеќе кое испливало на брегот на езерото се зборува дека е мирисната азалеја и друго цвеќе кое цвета секоја година.
Друга легенда која раскажува за создавањето на езерото е дека Гему имал многу љубовници. Еден од тие љубовници бил бог по име Вару Шила. За време на првата средба и романса во средината на цветна градина, биле несвесни за околината и не почувствувале дека дошла зората. За да избегне откривање на нивната афера, Вару Шила избегал од местото на настанот на коњ кон ридот, додека Гему умилно го гледала од брегот на езерото Лугу. Обидувајќи се да се сврти кон својата свршеница, Вару Шила цврсто се држел за уздите на својот коњ. Како резултат на тоа, коњот се сопнал и паднал. Тоа предизвикало длабока депресија во земјата. Бидејќи се разденило, Вару не можел да се врати на своето небо и се претворил во планина, источно од езерото. Запрепастена гледајќи го овој настан, Гему плачела, што довело до тоа депресијата да се наполни со нејзините солзи и на крајот да се претвори во езерото Лугу. Потоа фрлила седум од своите бисери во езерото, кои станалое седум острови. Таа, исто така, се претворила во планина за да стражари на езерото и да го гледа својот љубовник - планината на исток.
Флора и фауна Езерото Лугу, сместено во субалпскиот појас на јужниот дел од планината Хенгдуан, е екорегион покриен со борови. Освен што тука се наоѓаат ендемски видови на риби, езерото Лугу го посетуваат и водни птици кои тука ја презимуваат зимата. Околината на езерото во покраината Нингланг има прилично богата шумска прекривка. Видови на растенија и дрвја кои се идентификувани во шумата се борови Јунан, кинески борови, лак дрво (Toxicodendron vernicifluum), камфор дрво (Cinnamomum camphora), капок дрво и змејска елка.
Фауна пронајдена на оваа подрачје вклучува лисици, мошусни елени, мршојадци, јастреби и леопарди.
Птици
Птиците во оваа област се птици преселници како што се планинските гуски. Жеравите со цврени вратови (Grus nigricollis) се наоѓаат воподрачјето на езерото Лугу, кое е ранлива категорија според ИУЦН.
Водна фауна
Во езерото се забелжани четири ендемски видови риби - три видови Schizothorax и еден Misgurnus anguillicaudatus. Ендемските видови риби од родот Schizothorax го вклучуваат видот познат како Schizothorax labrosus. Овие исто така се нарекуваат и снежна пастрмка бидејќи имаат форма на пастрмка со мали лушпи.
Видовите риби и развојот на рибарството во езерото Лугу биле истражени во текот на 2001, 2002 и 2004 година. Студиите известиле дека во езерото Лугу сега постојат 12 видови на риби кои се класифицирани во 10 родови, 4 семејства и 3 редови. Промените во плориферацијата на рибите во езерото се предизвикани од таложење на тиња во езерото поради големото уништување на шумите во околината на езерото. Покрај четирите ендемски видови, идентификувани се осум егзотични видови кои доминираат со популацијата на риби во езерото на штета на ендемските видови. Овие видови, уфрлени во езерото во 1958 година во рамки на комерцијални риболовни активности, доминираат со рибните ресурси на езерото, а три домашни видови се прогласени за загрозени. Како резултат на комерцијалните риболовни активности, рибните ресурси фатени на почетокот изнесувале до 500 тони. Меѓутоа, прекумерниот риболов во последните неколку децении резултирал со драстичен пад на приносот и во 1980-тите биле забележано дека изнесува само 30 тони. Главните причини кои се припишуваат на овој пад се големото уништување на шумите, кое се случило еднаш во 1970 година и повторно помеѓу 1980 и 1990 година, што предизвикало сериозно заситување силна салтација на езерото; салтацијата достигнала 100 м, предизвикувајќи уништување на многу мрестилишта на три видови на риби Schizothorax. Друга причина што се наведува за намалувањето на ендемските резерви на риби е внесувањето на егзотични видови, што доведе до намалување на автохтоните видови Schizothoracid.
Мосуо народ