Клаустрофобија — тревожно растројство кое вклучува страв од затворени или тесни простори. Клаустрофобичарите може да доживеат напади на паника при влегување во затворени простори како што се лифтови, возови или авиони.

Клаустрофобијата може да се лечи на сличен начин како и другите тревожни нарушувања. Постојат низа методи, вклучувајќи когнитивна бихевиорална терапија и употреба на противанксиозни лекови.

Клаустрофобијата се смета за спротивна на агорафобијата, односно „страв од отворени простори“. Ова е претерано поедноставување бидејќи клаустрофобичарите може да се плашат и од толпи, па на пример, прометен градски плоштад може да предизвика и клаустрофобични и агорафобични напади.

Честота Истражувањата покажуваат дека 5-10% од луѓето кои се подложени на скенирање со јадрена магнетна резонанција имаат клаустрофобија. Понатаму, кај 7% од пациентите е откриено дека имаат „неидентификувана“ клаустрофобија, што предизвикува скенирањето да заврши предвреме. 30% изјавиле дека доживеале блага непријатност поради тоа што морале да лежат во затворен простор подолг временски период.

Лечење Постојат неколку психотерапевтски методи за лекување на клаустрофобија.

Преплавување — Во овој начин на лечење со изложувае, пациентот е изложен на затворени простори. Сфаќањето дека се соочил со својата најстрашна ситуација и дека ништо лошо не му се случило, може да биде многу моќен начин на лечење. Контраусловување — Ова е метод на систематска десензитивизација, каде што пациентот се учи да користи посебни техники на опуштање и визуелизација кога искусува анксиозност поврзана со фобија. Елементите што ја активираат фобијата се воведуваат полека, чекор по чекор, додека лицето се сосредочува на физичко и ментално опуштање. На крајот, лицето треба да биде способно да се соочи со изворот на својот страв без да чувствува вознемиреност. Моделирање — Слично на тоа, овде на пациентот му се прикажани луѓе кои минуваат низ криза, а пациентот е охрабрен да ја подражава нивната сигурност. Когнитивна терапија на однесување — Лицето се охрабрува да се соочи со стравот и да ги промени посебните мисли и ставови што водат до чувство на страв. Лекови — Лекови како што се анксиолитици и антидепресиви. Лековите познати како бета-блокатори може да се користат за лекување на физички симптоми на анксиозност, како што е тропање на срцето.

Поврзано

Список на фобии

Наводи

Дополнителна литература Carlson, Neil R., et al. Psychology: the Science of Behavior, 7th ed. Allyn & Bacon, Pearson. 2010.

. Baffins Lane, Chichester, West Sussex, England. 1997. Rachman, S.J. Phobias. Education.com. The Gale Group. 2009. Web. 19 Sept. 2010. N.p. 3 Oct. 1995. Web. 9 Sept. 2010.

Walding, Aureau. Causes of Claustrophobia. Livestrong.com. Livestrong Foundation. 11 June 2010. Web. 18 Sept. 2010. What Causes Claustrophobia? Neuroscience Blog. NorthShore University HealthSystem. 11 June 2009. Web. 9 Sept. 2010.

Категорија:Фобии Категорија:Страници со наводи со неименувани параметри Категорија:CS1-одржување: датумски формат Категорија:Латинизми Категорија:Грцизми