Одескиот национален универзитет И.И.Мечников (), често нарекуван само Одески национален универзитет ( ONU, ), сместен во Одеса, Украина, е еден од главните државни универзитети, именуван по научникот Иљја Мечников (1845-1916), кој студирал имунологија, микробиологија и еволутивна ембриологија, и добил Нобелова награда во 1908. Универзитетот бил основан во 1865 со указ на императорот Александар II кој го реорганизирал Ришељевскиот лицеј во Одеса во новиот Императорски новорусијски универзитет. Во советско време, универзитетот бил преименуван во Одески државен универзитет И. И. Мечников.
Одескиот национален универзитет И. И. Мечников вклучува четири институти, десет факултети, и седум специјализирани совети. Универзитетот е познат по својата научна библиотека, најголемата и најстарата од сите универзитети во Украина (3,600,000 тома, кои датираат од 15 век до денес).
Наводи
Категорија:Универзитети во Украина Категорија:Одеса