„Бај Гањо: Неверојатни раскази за еден современ Бугарин“ — збирка раскази на бугарскиот писател Алеко Константинов.
Содржина Првото издание на книгата ги содржи следниве четири дела: Бај Гањо тргна низ Европа. При една средба, група луѓе раскажуваат за смешните доживувања на сонародникот Гањо Балкански: трчањето по возот на станицата во Будимпешта со цел да си го земе килимчето; скандалите во операта и во јавната бања во Виена; несоодветното оплакување на мртвото тело на сетра му Марика во Дрезден; патувањето на бугарските туристи со воз до Прага; неуспешниот обид да се смести во домот на професорот Ирачек и вселувањето во станот на еден бугарски студент, кој го претставува бај Гањо како богат фабрикант на масло од рози: како и доживувањата во Швајцарија и во Русија. Притоа, гај Бањо секаде го првилекува вниманието со својата необична појава — со неуреден изглед, облечен во традиционална бугарска носија, зборува бучно и со гестикулации, ги задева жените, итн.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 5-83. Бај Гањо се врати од Европа. По враќањето од патувањето низ Европа, бај Гањо се среќава со неколку другари во една кафеана во близината на Софија. Гањо е облечен во современ костум, сметајќи се за вистински Европеец и со презир се однесува кон своите сонародници. Тие се договараат да напишат петиција до бугарскиот кнез за поддршка на премиерот Стамболов. Меѓутоа, од весниците дознаваат дека, во меѓувреме, кнезот ја прифатил оставката на Стамболов, па веднаш го менуваат ставот и пишуваат петиција против него. Утредента, весниците пишуваат дека е откриена измамата на бај Гањо и неговите соработници, кои ја испраќаат петицијата во името на своите сограѓани.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 84-100. Бај Гањо прави избори. Во пресрет на изборите за Народното собрание, бај Гањо се среќава со своите соработници, правејќи договор како да ги наместат изборите со цел тие да бидат избрани за пратеници. За таа цел, тие прават низа сплетки: во избирачкиот одбор ставаат свои луѓе, ги поткупуваат гласачите, ангажираат околу 30 силеџии и затвореници за застрашување на гласачите, уфрлаат фалсификувани гласачки ливчиња итн. На денот на изборите, кандидатот на опозицијата, младиот и образован идеалист Иваница Граматиков, кого сопартијците го уверуваат во сигурна победа, оди на гласачкото место, каде здогледува голем број жандарми, кои ги бркаат селаните кои дошле да гласаат за него. Истовремено, бај Гањо и силеџиите ги напаѓаат преостанатите гласачи и другиот кандидат на опозицијата, и предизвикуваат тепачка во која се вмешува полицијата. По неколку дена, Граматиков чита во весниците дека бај Гањо и двајцата негови другари се избрани за пратеници.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 101-123. Бај Гањо новинар. Група другари се собрани во една кафеана, а кога уличните продавачи го рекламираат весникот на бај Гањо, „Народно величие“, еден од нив раскажува за создавањето на весникот: Бај Гањо и соработниците се договараат како да се збогатат откако стануваат дел од власта. Се редат разни предлози, а бај Гањо предлага да направат весник при што го предлага и името на весникот. Нивната намера е да пишуваат во полза на власта, а подоцна, ако се промени волјата на избирачите, тогаш да се приклонат кон новата власт. Истовремено, тие планираат да го употребат весникот за клеветење на чесните и угледните луѓе.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 124-135.
Подоцнежните изданија се дополнети со следниве делови: Бај Гањо во дворецот. Откако пости во текот на последната недела пред Велигден, бај Гањо е толку гладен, што не може да го дочека приемот што го приредува кнезот во дворецот. Оттука, кога најпосле започнува вечерата, тој се прејадува.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 136-139. Бај Гањо во депутацијата. Иако не е член на официјалната бугарска делегација на погребот на рускиот цар Александар III, бај Гањо успева да ѝ се приклучи на делегацијата. Во хотелот, кога му приоѓа келнерот, тој помислува дека е новинар и му ги искажува своите ставови за бугарскиот патриотизам, за Драган Цанков и за македонското востание.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 140-143. Бај Гањо и опозиција – ама де-де!. Еден пријател на раскажувачот му предава на весникот „Знаме“ писмо од бај Гањо во кое тој протестира поради тоа што весникот го нарекува опозиционер. Притоа, тој отворено кажува дека е дел од власта поради материјалниот интерес и дека новата власт повторно прави нечисти работи, но не насилнички и отворено како старата власт, туку тоа го прави прикриено, постојано нагласувајќи ги формалните политички слободи.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 144-147. Бај Гањо основува воздржателно друштво. Таки Бираџијата добива писмена покана од крчмарот Танас за основање друштво за воздржување од пиењето. Состанокот се одвива во еден вински склад и на него учествуваат неколкумина луѓе, меѓу кои и бај Гањо. Учесниците на состанокот избираат управа на друштвото „Воздржување“, а за негов претседател е избран бај Гањо. За да се прослави основањето на друштвото, домаќинот чести вино и присутните остануваат да пијат до вечерта. Тогаш, раскажувачот и неговиот другар минуваат покрај винскиот склад и внатре ги здогледуваат учесниците на состанокот, сите пијани.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 148-152. Писмо од бај Гања до Константин Величков. Бај Гањо му пишува писмо на министерот Константин Величков, фалејќи го неговиот говор во Народното собрание при што укажува на бескорисноста на идеалите и го истакнува предимството на материјалниот интерес.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 153-157. Од кореспонденцијата на бај Гањо Балкански. Студентот Бодков, кој своевремено го примил бај Гањо во својот стан во Прага, по завршувањето на студиите се вратил во Бугарија. Тој му пишува писмо на бај Гањо, молејќи го ургира во некој владин весник да ја објават неговата статија во која ја критикува опозицијата и ја брани праксата општините да му поклонуваат имот на владетелот, а истовремено ја користи приликата да замоли за државна зделка со татко му. Бај Гањо го поттикнува Бодков да продолжи да пишува писма против опозицијата и го советува татко му да даде мито, ако сака да направи зделка со владата. Во друго писмо, војниот Трпко Трпков му се жали на бај Гањо поради однесувањето на офицерите, кои во ловот на зајаци ги тераат војниците да лаат како кучиња, а бај Гањо го советува војникот да биде трпелив. Во третото писмо, Васил Мангов го моли вујко си Гањо да му среди службено патување во странство со цел да ја запише ќерката на студии во странство на државна сметка, но бај Гањо му одговара дека владата веќе испратила на службен пат друг човек. Најпосле, внукот Стојко се жали до чичко Гањо поради тоа што го избркале од училиштето и го затвориле затоа што се побунил против новиот бугарски правопис. Бај Гањо му одговара дека го добил тоа што го заслужил, штом се осмелил да се буни против власта.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 158-165.
За делото Константинов го завршил првото издание на „Бај Гањо“ на 17 март 1895 година. Книгата била објавена истата година, како издание на книжарницата на Пенчо В. Спасов во Софија.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 135. Според сведочењето на Пенчо Славејков, К. Крстев и В. Мирољубов, идејата за ликот на бај Гањо и материјалот за книгата Константинов ги добил за време на средбите на десетина млади луѓе во Софија, кои ги нарекувале „заседанија на Весела Бугарија“. На нив, присутните раскажувале анегдоти и вистинити случки при што книгата настанала под влијание на тие раскажувања, а на многу места и со буквално преземање на тие раскази.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 66. Во расказот „Бај Гањо прави избори“, Константинов го исмева обвинителот Гањо Чолаков, кој го обвинил својот поранешен ментор, трновскиот митрополит Климент (Васил Друмев).Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 103. Воопшто, во овој расказ, авторот го опишува своето искуство од изборите за Народното собрание, одржани на 11 септември 1894 година, кога тој бил кандидат на опизицијата во Свиштов. Во таа смисла, авторот е прикажан во ликот на Иваница Граматиков.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 105. Расказот „Бај Гањо во дворецот“ е напишан на 5 април 1895 година,Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 139. а „Бај Гањо во депутацијата“ на 1 јули 1895 година.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 143. Расказот „Бај Гањо и опозиција – ама де-де!“ е напишан на 30 октомври 1895 година, а бил инспириран од два настани што се случиле во Лом, каде власта двапати употребила вооружена сила против населението: првиот пат за време на изборите, а потоа за време на еден политички собир при што биле ранети повеќе луѓе.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 146-147. Расказот „Бај Гањо основува воздржателно друштво“ е напишан на на 12 мај 1895 година,Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 152. додека „Писмо од бај Гања до Константин Величков“ на 28 октомври 1894 година. Овој расказ е непосредно инспириран од говорот на министерот во бугарската влада, Константин Величков а собраниската седница, одржана на 24 октомври 1894 година, кога некои пратеници ја критикувале полицијата која во Свиштов спречила да гласаат неколку илјади луѓе, а Величков ја посочил вината во луѓето, наместо во полицијата.Алеко Константинов, Бај Гањо. Култура, Скопје, 1952, стр. 154-157.
Наводи
Категорија:Дела на Алеко Константинов Категорија:Бугарски раскази