Недела Петкова Караиванова ( (Недеља Петкова), 1826 – 1894), позната како Баба Недела, е бугарска учителка и революционерка.

Биографија

Ран живот и образование Недела Петкова е родена на 13 август 1826 година во Сопот, во тогашната Османлиска империја (денешна Бугарија). Моминското име и е Недеља Дељува Гуљова.Петкова, Неделя. Спомени. София, 1987. Основна писменост здобива по заемен метод во Сопотскиот женски манастир, после што се самообразува. На 19 била омажена за најмалиот вујко на Васил Левски, трговецот Петко Караиванов, кој покасно умира од колера и ја остава Недела со пет деца, и бремена со шесто. По препорака на Најден Геров станува учителка во новоотвореното женско училиште во Софија (1858 – 1861), каде што работи со Сава Филаретов. Таа се соочила со многу тешкотии, но за една година веќе имала 200 ученички. Покасно била учителка во Самоков (1862 – 1864).

По два месеци, во Самоков, кај Недеља дошол еден трговец од Битола, кој многу ја пофалил ќерка ѝ пред битолскиот учител Васил Манчев (по потекло од Свиштов). Манчев, без никогаш да ја има видено, преку писмо ја побарал за жена. Недеља и ќерка ѝ Нонка се согласиле. По седум-осум месеци дошол друг трговец од Битола и почнал да шири клевети и лаги за Манчев. Поради тие гласишта, свршувачката се раскинала, а Недеља, уплашена, брзо ја омажила ќерка си за познатиот самоковски лекар Иванчо Хекимин – вдовец со четири сина, многу постар од неа. Бракот бил целосно несреќен. По три учебни години, Недеља заминала да учителствува во Ќустендил, но само по еден месец, на 23 април 1865 г. починала нејзината ќерка Нонка, на 22 години. Од огромна мака, Недеља се „полуизумила“, не можела да се смири и почнала да патува. Отишла прво во Велес, а потоа во Битола да го најде поранешниот вереник на ќерка ѝ, Васил Манчев. По настојување на Манчев и бидејќи не можела да ги гледа спомените на ќерка ѝ,Петкова, Неделя. Спомени. София, 1987. стр.19 останала да биде учителка во Македонија, во Прилеп (јули 1865 – 1866), Охрид (1868 – 1869) и Велес (1870 – 1871).

Учителската дејност во Македонија (1865 – 1878) мини|Знамето нарачано од Димитар Поп-Георгиев Беровски, кое подоцна било употребено во Разловечкото востание. Во Прилеп е назначена за учителка на 1 јули 1865 година, кога женското училиште било преместено во куќата на Тошовци до црквата. Таа го организирала за прв пат во Прилеп чествувањето на празникот на Светите браќа Кирил и Методиј. Во Велес во 1870 година се вклучува во месниот револуционерен комитет поддржувајќи врски со БРЦК. Пратеник на Васил Левски пристигнал во домот на Недела и ѝ поставил задача да изработи знаме, за кое ѝ бил испратен модел. За да ја завршат работата навремено таа и ќерка ѝ, Станислава, работат деноноќно. Нивниот газда, Георги Колев, ги предупредил, дека се откриени и тие навреме го скриле и го спасиле знамето. По откривањето на нејзиното учество во комитетот, била протерана од градот и со поддршка на Зографскиот манастир основа училиште во Вардарското маало во Солун.Салгънджиев, С. Лични дела и спомени по възраждането на солунските и серски българи или 12-годишна жестока неравна борба с гръцката пропаганда. Пловдив, 1906, с. 39, 45 сл. По нарачка на Димитар Поп-Георгиев Беровски, таа сошила второ знаме со својата ќерка, кое подоцна било употребено во Разловечкото востание.

Враќање во слободна Бугарија По ослободувањето на Бугарија живее во Ќустендил (1878), а во 1879 година се населила во Софија. Во 1883 година се населила во Ракитово.

Умира во Софија на 1 јануари 1894 година.

Наводи

Категорија:Бугарски преродбеници Категорија:Бугарски просветни дејци