Сезона на вештерката () — американски авантуристички филм во режија на Доминик Сена. Во филмот глумат Николас Кејџ и Рон Перлман. Филмот бил објавен на 7 јануари 2011 г. Бил прикажан и во Македонија на телевизија. Снимањето се одвивало првенствено во Австрија, Унгарија и Хрватска. Содржина Во XIII век во Филах, тројца жени се обвинети од еден свештеник за вештерство и прво се обесени, а потоа удавени. Свештеникот изведува обред над трите жени користејќи книга со натписи од „Клучот на Соломон“ за да се осигура дека тие никогаш нема да се вратат во живот, но една од жените добива демонски изглед, ја запалува книгата и го обесува свештеникот.
XIV век. По падот на Смирна за време на Крстоносната војна (1343 — 1348) и крвавиот колеж врз граѓанското население организиран од крстоносците, на двајца витези од Тевтонскиот ред — Бејман фон Блајбрук и Фелсон — им се „отвораат очите“ за случувањата. Пријателите заклучуваат дека таквите постапки на слугите на црквата „не можат да му бидат угодни на Бога“, за што отворено му соопштуваат на главатарот на Тевтонскиот ред и дезертираат од армијата.
Јунаците се враќаат во Европа среде пандемијата на бубонска чума позната како „Црна смрт“. Во Марбург, во војводството Штаерска, кардиналот Д'Амбруаз, кој е на смртна постела, ги обвинува Бејман и Фелсон за дезертерство, но им ветува дека ќе ги отфрли обвиненијата ако извршат важна мисија: да ја пренесат младата селанка Ана, за која црковните службеници веруваат дека е „вештерка“ што ја навлекла чумата на целиот регион, во далечен манастир, каде што со помош на тамошните монаси нејзиното вештерство треба да биде „отфрлено“. Бејман и Фелсон се согласуваат, но Бејман поставува свој услов: над девојката мора да се спроведе праведна судска постапка.
Заедно со витезот Јохан Екхарт, свештеникот Дебелзак и водичот Хагамар, тие тргнуваат на долг пат. Во меѓувреме, стариот кардинал умира, а неговиот слуга, потомок на витешкиот род Кај фон Воленбарт, тргнува по конвојот за да им се придружи, што не му успева без тешкотии. Крстоносците на почетокот веруваат дека девојката е „наклеветена“, но набргу, по низа мистични случувања, заклучуваат дека кардиналот бил во право. Придружниците на Бејман и Фелсон загинуваат еден по еден. Екхарт умира набоден на мечот на Кај, мислејќи дека Кај е неговата ќерка (која всушност починала од чума), а Хагамар загинува во шумата Вормвуд, растргнат од волци.
Кога пристигнуваат до манастирот, пријателите откриваат дека сите монаси умреле од чумата, а книгата со посебни молитви („Клучот на Соломон“), која може да помогне во разоткривање на вештерството, е всушност главната цел на моќен демон што се вселил во селанката и се претставувал (во телото на селанката) како вештерка. Ова се открива при спроведувањето на ритуалот на прочистување од страна на свештеникот, при што Ана го прекинува ритуалот и ги оживува кошмарите на Бејман, по што шокираниот Дебелзак изјавува: „Ова не е вештерка! Ова не е вештерка!“ и започнува обред на егзорцизам. По борбата со монасите оживеани со темната магија на демонот, а потоа и со самиот демон, од целата група жив останува само младиот оруженосец, кој успева да ги дочита молитвите од книгата и да го протера демонот. Смртно ранетиот Бејман, пред да умре, ја здогледува младата селанка, која сега е ослободена од демонот, и го замолува Кај да ја чува.
На крајот од филмот, Кај и Ана стојат пред гробовите на Дебелзак, Бејман и Фелсон. Ана го замолува Кај да ѝ раскаже за нејзините спасители, по што тие заминуваат заедно со книгата.
Улоги
|Николас Кејџ |витезот Бејман фон Блајбрук |- |Рон Перлман |витезот Фелсон |- |Стивен Кемпбел Мур |свештеникот Дебелзак |- |Стивен Греам |водичот Хагамар |- |Улрих Томсен |витезот Јохан Екхарт |- |Клер Фој |обземената селанка Ана |- |Роберт Шиен |слугата Кај фон Воленбарт |- |Кристофер Ли |кардиналот Д’Амбруаз
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2011 година __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Филмови на Relativity Media Категорија:Филмови за демони