Гијом V (Гијом Жан Жозеф Мари де Насау; роден на 11 ноември 1981 година) е Голем војвода од Луксембург, кој е на власт од 3 октомври 2025 година. Тој е најстариот син на Големиот војвода Анри и Големата војвотка Марија Тереза а стапил на престолот по абдикацијата на неговиот татко.

Ран живот и образование Гијом бил роден на 11 ноември 1981 година во породилната болница „Големата војвотка Шарлот“ во градот Луксембург како најстаро дете на големиот војвода Анри од Луксембург и неговата сопруга, големата војвотка Марија Тереза. Неговите кумови се принцезата Мари Астрид од Луксембург и принцот Гијом од Луксембург. Гијом има четири помлади браќа и сестри: принцот Феликс, принцот Луис, принцезата Александра и принцот Себастијан.

Брак и татковство На интервју за неговиот 30-ти роденден, принцот изјавил дека е во врска со „драга госпоѓица“ повеќе од една година, но му требало повеќе време за да ја процени нивната можна иднина. На 26 април 2012 година, била објавена свршувачката на наследникот Голем војвода со белгиската грофица Стефани де Ланоа. Граѓанската венчавка се одржала на 19 октомври 2012 година додека религиозната венчавка се одржала на 20 октомври 2012 година, во Богородичината Црква во Париз.

Гијом и Стефани имаат два сина; прв и втор во редот за наследување на престолот на Луксембург:

Чарлс Жан Филип Жозеф Мари Гијом (10 мај 2020 година) Франсоа Анри Луј Мари Гијом (27 март 2023 година)

Владеење мини|Гијом V со Стефани на денот на неговото стапување на престолот На 8 октомври 2024 година, објавено од страна на Големиот војвода Анри на неговиот официјален роденден, Гијом бил назначен за поручник-претставник (регент). Во ова својство, тој презел голем број од уставните овластувања на својот татко, како на пример положувањето заклетва на амбасадорите и потпишувањето на декретите на Големиот војвода. Ова традиционално бил првиот чекор во процесот на абдикација во Луксембург, бидејќи и Жан (1961–1964) и Анри (1998–2000) претходно ја вршеле оваа позиција. На 24 декември 2024 година, за време на неговата божиќна порака, Анри објавил дека ќе абдицира на 3 октомври 2025 година. Гијом седнал на престолот на тој датум, како Голем војвода од Луксембург.

Награди

Светска организација на извидничкото движење: Бронзена награда „Волк“ (21 март 2024 година).

Поврзано

Големиот војвода од Луксембург

Наводи

Надворешни врски

Големиот војвода – официјална веб-страница на Монархијата Луксембург Категорија:Луѓе од Луксембург (град) Категорија:Родени во 1981 година