„Ономоно дономоно“ — збирка на брзозборки, игрозборки и редалинки, во избор на Санде Стојчевски, објавена од Просветно дело, Редакција „Детска радост“ во 2007 година.

Содржина Книгата ги содржи следниве брзозборки и игрозборки:Ономоно дономоно. Просветно дело АД - Скопје, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2007. брзозборки од Зборникот на Миладиновци Васил Куноски, „Ваше и наше“ и „Две зборчиња“ Славко Јаневски, „Автара-бавтара“ Јован Стрезовски, „Страв“, „Гулаби“ и „Ешко и крушата“ Стојан Тарапуза, „Цакара-цекара“, „Вава вија“, „Кракара бакара“ и „ОНомино додомино“ Рајко Јовчевски, „Кусо“ и „Итивака — ититака“ Киро Донев, „Како се вика“ и „Џивко и Џивка“ Ефтим Клетников, „Кога бев мал“ Васил Пујовски, „Венче“ Александар Кујунџиски, „Чудовидувалка“ Ванчо Полазаревски, „Црв на Крф“, „Шаток да импресионира“ и „Нека си гака“ Јордан Даниловски, „Марија е рија ри“, „Симона е златниче“ и „Лага-ли лага-ле“ Славе Ѓорго Димовски, „Ономоно дономоно“ и „Ѕ“

Технички податоци Книгата, со обем од 16 страници и со димензии од 24 сантиметри, била испечатена во печатницата „Коста Абраш“ во Охрид. Таа е објавена во рамки на библиотеката „Лектирни изданија“. Таа е каталогизирана во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-9989-30-776-8. Автор на корицата и на илустарциите во книгата е Димче Исаиловски, а ликовно-графичкото обликување и компјутерската обработка ги направил Жарко Туниќ.Ономоно дономоно. Просветно дело АД - Скопје, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2007.

Наводи

Категорија:Детска книжевност Категорија:Книги од 2007 година Категорија:Македонски дела од 2007 година Категорија:Појавено во 2007 година во Македонија Категорија:Изданија на Детска радост Категорија:Изданија на Просветно дело