Езерото Сардис е вештачко езеро во окрузите Пушматаха и Латимер во Оклахома, САД. Создадено е околу 1980 година како резултат на брана изградена на потокот Џекфорк, притока на реката Кјамичи, од страна на Инженерскиот корпус на Соединетите Американски Држави по договор со државата. Именувано е по сега непостоечкиот град Сардис, Оклахома, кој морал да биде напуштен пред областа да биде потопена во поплавувањето на езерото. Езерото се наоѓа приближно 8 километри северно од Клејтон.Тоа е дел од басенот Кјамичи.

Се појавиле голем број прашања во врска со отплатата на долгот од страна на државата за проектот, распределбата на водата од езерото и предлозите од Одборот за водни ресурси на Оклахома за продажба на езерската вода надвор од државата.Овие прашања резултирале со федерална тужба во 2011 година од страна на народите Чикасо и Чокто, кои биле исклучени од преговорите. Државата поднела контратужба во 2012 година, а медијацијата започнала истата година.

Во 2016 година, бил постигнат историски договор за решавање на проблемот со водата меѓу државата Оклахома, нациите Чикасо и Чокто, како и Оклахома Сити, кој бил ратификуван од овие страни и од Конгресот на Соединетите Американски Држави. Накратко, тој предвидувал државата да има административна и регулаторна власт над езерото Сардис, како и да ги зачува правата за вода за нациите на нивните договорни територии и да распредели голем дел од водата од езерото Сардис за потребите на Оклахома Сити, во зависност од спроведувањето мерки за зачувување.

Опис Езерото зафаќа површина 58 километри квадратни и има 188 километри крајбрежје. Езерото е изградено на Џекфорк Крик, притока на реката Кјамичи. Езерото Сардис е опкружено со планините Виндинг Стеир на север и исток, планините Кјамичи на југ и планините Џекфорк на запад, сите од кои се подмасиви на планините Оуачита. Езерото е 72 километри источно од МекАлестер, Оклахома. Во него истекува површина од 710 киломнетри квадратни.

Нормалната надморска височина на базенот на езерото е 183 метри надморска височина. Неговиот капацитет за складирање е 338,380,000 метри квадратни. Во фаза на поплавување неговата надморска височина била 185 метри надморска височина и неговиот капацитет се зголемил на 489,600,000 метри кубни.

Историја Инженерскиот корпус на американската армија, предводен од Доналд Махафи, ја изградил браната и езерото помеѓу 1977 и 1982 година според договор со државата Оклахома. Проектот бил изграден со цел продажба на вода на општините и индустриските клиенти во Оклахома. Оклахома се согласила да врши 50 годишни плаќања на федералната влада за да ги отплати трошоците за градежниот проект и да ги плати трошоците за работење на браната и езерото. Сепак, државата не била во можност да продаде толку вода колку што било потребно за да ги надомести своите трошоци, па затоа државата ги прекинала плаќањата кон федералната влада во 1997 година.

Федералната влада ја тужела државата за прекршување на договорот и враќање на средствата, во случај познат како Одбор за водни ресурси на Оклахома против САД и др. Случајот се пробил низ судовите. На жалбено ниво, апелациониот суд ја потврдил тужбата на федералната влада. Оклахома го загубила случајот кога Врховниот суд одбил да го разгледа случајот. Како резултат на тоа што државата не го отплатила својот долг, Корпусот на инженери законски го поседува езерото Сардис.

Надворешни врски

Сардис Инженерски корпус на американската армија: Сардис Сардис на Recreation.gov Дигитални мапи на Оклахома: Дигитални збирки на Оклахома и индијанска територија

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во САД