мини|257x257пкс|Дел од оригиналниот испис на добиениот сигнал со забелешката „Wow!“, кој во мигов се чува во збирката на Историското друштво на државата Охајо. Сигнал „Wow!“ (во превод од англиски: „Уја!“) — силен теснопојасен радиосигнал, регистриран од д-р Џери Ејман на 15 август 1977 г., додека работел на радиотелескопот „Големото уво“ на Државниот универзитет во Охајо. Слушањето на радиосигналите се спроведувало во рамките на проектот SETI. Сигналот се чинел дека доаѓа од правецот на соѕвездието Стрелец.
Одликите на сигналот — како преносниот опсег и односот сигнал/шум — изгледале (според некои анализи) како оние што теоретски би се очекувале од вонземски сигнал.
Изненаден од тоа колку точно одликите на добиениот сигнал се совпаѓале со очекуваните одлики на меѓуѕвезден сигнал, Ејман ја заокружил соодветната група симболи на исписот и до нив ја потпишал забелешката „Wow!“ („Уја!“). Овој потпис му го дал името на сигналот.
Дешифрирање на исписот Заокружениот код 6EQUJ5 го опишува менувањето на интензитетот на примениот сигнал во текот на времето. Секоја линија на исписот соодветствувала на 12-секунден интервал. Интензитетите биле кодирани со алфанумерички симболи, при што буквата 'U' (интензитет помеѓу 30,0 и 30,999... во однос на бучавата) се појавила само еднаш за цело време на работата на радиотелескопот. Ширината на сигналот изнесувала не повеќе од 10 кХц. Различните методи за одредување на честотата на сигналот дале вредности (1420,356 МХц и 1420,456 МХц), кои се многу блиску до честотата на радиолиниите на неутралниот водород (1420,406 МХц, или 21 см), што е важен показател за потенцијално природно вонземско потекло.
Време на прием на сигналот Антената на радиотелескопот „Големото уво“ била неподвижна, а за скенирање на небото се користело вртењето на Земјата. Со оглед на аголната брзина на ова вртење и ограничената ширина на зоната на примање на антената, одредена точка од небото можела да се набљудува во текот на точно 72 секунди. На тој начин, постојан по замав вонземски сигнал треба да се набљудува токму 72 секунди, при што првите 36 секунди неговиот интензитет треба постепено да се зголемува — сѐ додека телескопот не се насочи точно кон неговиот извор — а потоа уште 36 секунди исто така постепено да се намалува, додека вртењето на Земјата ја оддалечува набљудуваната точка од небесната сфера од зоната на примање. Така, како што должината на сигналот „Wow!“ (72 секунди), така и обликот на графикот на неговиот интензитет во однос на времето, соодветствуваат со очекуваните одлики на вонземски сигнал.
Наводи
Надворешни врски
Местоположба на Google Sky
Категорија:Нерешени проблеми во астрономијата Категорија:Радиоспектар Категорија:Стрелец (соѕвездие) Категорија:SETI __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__