+С-аденозил метионин

С-аденозил метионин (СAM), познат и под комерцијалните имиња SAMe, SAM-e или AdoMet, е косупстрат вклучен во трансфер на метил групи, транссулфурација и аминопропилација. Иако овие анаболички реакции се случуваат низ целото тело, во главно СAM се синтетизира и консумира во црниот дроб. СAM учествува во повеќе од 40 реакции на пренос на метилна група на различни супстрати како што се нуклеински киселини, протеини, липиди и секундарни метаболити. Синтетизиран е од аденозин трифосфат (ATФ) и метионин од страна на метионин аденозилтрансфераза.

Во еукариотските клетки, СAM учествува во метилација на на ДНК, tRNA и rRNA, регулира имун одговор, метаболизам на аминокиселини, трансулфурација и друго. Кај растенијата, СAM е клучен за биосинтезата на етилен, важен растителен хормон и сигнална молекула.

Структура С-аденозил метионинот се состои од аденозилна група поврзана со сулфур од метионинот, обезбедувајќи му позитивен полнеж. Се синтетизира од ATP и метионин од страна на ензимот С-аденозилметионин синтетаза преку следната реакција:

АТП + Л-метионин + H2O фосфат + дифосфат + С-аденозил-л-метионин

Функционалната група на сулфониумот присутна во С-аденозил метионинот е центар на неговата специфична реактивност. Во зависност од ензимот, С-аденозил метионинот може да се претвори во еден од трите производи:

аденозилен радикал, кој се претвора во деоксиаденозин (AdO) С-аденозил хомоцистеин, ослободувајќи метил радикал метилтиоаденозин (SMT), хомоаланински радикал

Биохемија

Циклус на САМ класа=skin-invert-image|мини|400x400пкс|Реакција на пренос на метил слична на <sub id="mwZA">S₂N₃</sub>. За поедноставување се прикажани само SAM кофакторот и цитозинската база. Реакциите што произведуваат, искористуваат и регенерираат САМ се нарекуваат циклус на САМ. Во првиот чекор од овој циклус, САМ-зависните метилази (EC 2.1.1) кои го користат САМ како супстрат произведуваат С-аденозил хомоцистеин како производ. С-аденозил хомоцистеинот е силен негативен регулатор на речиси сите САМ-зависни метилази и покрај нивната биолошка разновидност. Тој се хидролизира до хомоцистеин и аденозин од С-аденозилхомоцистеин хидролазата EC 3.3.1.1 , а хомоцистеинот се рециклира назад во метионин преку трансфер на метил група од 5-метилтетрахидрофолат, од една од двете класи на метионин синтази. Овој метионин потоа може да се претвори назад во САМ, со што циклусот се завршува. Во чекорот на ограничување на брзината на САМ циклусот, MTHFR (метилентетрахидрофолат редуктаза) неповратно го редуцира 5,10-метилентетрахидрофолатот во 5-метилтетрахидрофолат.

Биосинтеза на полиамини Друга главна улога на SAM е во биосинтезата на полиамини. Тука, SAM се декарбоксилира од аденозилметионин декарбоксилаза ( EC 4.1.1.50 ) за да се формира S -аденозилметионинамин. Ова соединение потоа ја донира својата n -пропиламинска група во биосинтезата на полиамини како што се спермидин и спермин од путресцин.

САМе потребен за раст и поправка на клетките. Исто така, е вклучен во биосинтезата на неколку хормони и невротрансмитери, како што е епинефринот. Метилтрансферазите се исто така одговорни за додавање на метил групи на 2' хидроксилите на првиот и вториот нуклеотид во информативната РНК.

Терапевтски употреби САМ е проучуван како лек за: депресија, остеоартритис и заболувања на црниот дроб со неубедливи резултати, и иако генерално се смета за безбеден краткорочно, неговата долгорочна безбедност, употреба за време на бременост и ризици за луѓе со биполарно растројство или компромитиран имунолошки систем остануваат нејасни.

Несакани ефекти Гастроинтестинални нарушувања, диспепсија и анксиозност може да се појават при консумирање на САМ. Долгорочните ефекти се непознати. САМ има слаб ефект во алкилирање на ДНК. Друг пријавен несакан ефект на САМ е несоницата; затоа, суплементот е препорачано да се зема наутро.

Наводи

Литература

Категорија:Сулфониумски соединенија Категорија:Додатоци во исхраната Категорија:Коензими Категорија:Статии со краток опис