Мајкл () — американски биографски филм на режисерот Антоан Фукуа и сценаристот Џон Логан за животот и творештвото на музичарот Мајкл Џексон. Главната улога ја толкува Џафар Џексон, внукот на Мајкл Џексон, за кого оваа работа е глумечко деби. Во глумечката екипа се вклучени и Колман Доминго, Нија Лонг, Мајлс Телер, Лора Хариер, Кет Греам, Лоренц Тејт и Дерек Лук.
Работата на биографскиот филм за Мајкл Џексон започнала, како што се известува, во ноември 2019 г., кога Логан ја презел должноста сценарист. Компанијата Lionsgate официјално го најавила филмот во февруари 2022 г., а кастингот започнал во јуни истата година. Во јануари 2023 г., Фукуа бил назначен за режисер, а истовремено Џафар Џексон бил потврден за главната улога. Дополнителен избор на глумци се одвивал од јануари до април 2024 г. Снимањето започнало во јануари, по одложувањето предизвикано од штрајкот на Здружението на филмски глумци на САД во 2023 г., и завршил во мај. Дополнително снимање се одржало во јуни 2025 г.
Премиерата на филмот „Мајкл“ во САД била на 24 април 2026 г. Дистрибутер во САД бил Lionsgate, а меѓународната распределба ја обезбедила Universal Pictures. Премиерата на филмот во Македонија била на 23 април 2026 г.
Содржина Филмот ја раскажува приказната за животот и делото на американскиот пејач, продуцент и танчар, Мајкл Џексон, чија творечка кариера траела четири децении.
Улоги
|Џафар Џексон |Мајкл Џексон |- |Колман Доминго |таткото на Мајкл |- |Нија Лонг |мајката на Мајкл
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2026 година Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Филмови на Lions Gate Entertainment Категорија:Американски музички филмови Категорија:Американски биографски филмови Категорија:Американски драмски филмови