Цитрулин ― α- аминокиселина кој е клучен интермедиер во циклусот на уреа, патот по кој цицачите излачуваат амонијак со претворање во уреа. Неговото име е изведено од citrullus, латинскиот збор за лубеница. Иако е именувано и опишано од гастроентеролози уште од крајот на 19 век, за прв пат е изолирано од лубеница во 1914 година од јапонските истражувачи Јатаро Кога и Рио Отаке и понатаму кодифицирано од Мицунори Вада од Империјалниот универзитет во Токио во 1930 година. Цитрулинот се произведува и како нуспроизвод на ензимското производство на азотен оксид од аминокиселината аргинин, катализирано од синтаза на азотен оксид.
Биосинтеза Цитрулинот може да се добие од:
од аргинин преку синтаза на азотен оксид, како нуспроизвод од производството на азотен оксид за сигнални цели од орнитин преку разградување на пролин или глутамин/глутамат од асиметричен диметиларгинин преку DDAH
Цитрулинот се добива од орнитин и карбамоил фосфат во една од централните реакции во циклусот на уреа. Исто така, се добива од аргинин како нуспроизвод на реакцијата катализирана азотен оксид синтаза (NOS; EC 1.14.13.39). Исто така, преовладува во трихохиалинот во внатрешната обвивка и медулата на фоликулите на косата, каде што се синтетизира од аргинин. Аргининот прво се оксидира во N-хидроксил-аргинин, кој потоа понатаму се оксидира во цитрулин, истовремено со ослободување на азотен оксид.
Цитрулинот се создава и од ентероцити во тенкото црево.
Функција Цитрулинот е метаболички интермедиер во циклусот на уреа, што е пат преку кој цицачите излачуваат амонијак со негово претворање во уреа. Цитрулинот се произведува и како нуспроизвод на ензимското производство на азотен оксид од аминокиселината аргинин, катализирано од синтаза на азотен оксид.
Неколку протеини содржат цитрулин како резултат на пост-транслациона модификација. Овие цитрулински остатоци се создаваат од семејство на ензими наречени пептидиларгинин деиминази (PADs), кои го претвораат аргининот во цитрулин во процес наречен цитрулинација или деиминација со помош на калциумови јони. Протеините кои нормално содржат цитрулински остатоци вклучуваат миелински основен протеин (MBP), филагрин и неколку хистонски протеини, додека други протеини, како што се фибрин и виментин, се подложни на цитрулинација за време на клеточната смрт и воспалението на ткивата.
Концентрацијата на цитрулин во циркулацијата е биомаркер на цревната функционалност.
Комерцијална употреба Л-цитрулинот се продава како додаток во исхраната, обично во форма на прав. Застапниците сугерираат дека бидејќи Л-цитрулинот го зголемува производството на азотен оксид, помагајќи ја артериската функција и на тој начин протокот на крв низ целото тело. Учествува во:
Намалување на крвниот притисок кај луѓе со висок крвен притисок. Олеснување на симптомите еректилна дисфункција, со помалку ризици од Виагра. Ублажување на проблемите со циркулацијата, како што е бавното заздравување на раните поради дијабетес. Зголемување на нивото на мускулни протеини, спречување на неухранетост кај постари лица и евентуално подобрување на атлетските перформанси. Третман на цревни проблеми, вклучувајќи синдром на кратко црево, целијакија и оштетување на тенкото црево предизвикано од зрачење Различни генетски нарушувања и здравствени состојби како што се заболувања на црниот дроб, Паркинсонова болест и одредени деменции.
Некои од овие тврдења се базираат на студии на животни, и како и повеќето тврдења за додатоци во исхраната не се одобрени од страна на Администрацијата за храна и лекови.
Л-цитрулинот се додава во одредени енергетски пијалоци како што е Reign и се рекламира поради неговите термогени ефекти.Label on Reign Inferno Watermelon Overlord can; Reign Beverage Company: Los Angeles, 2020
Наводи
Категорија:Биомаркери Категорија:Уреи