Армавир (ерм. -Արմավիր) е покраина во Ерменија со седиште во истоимениот град Армавир. Се наоѓа во југозападниот дел на земјата и е сместена во долината Арарат помеѓу планините Арарат и Арагац и дели 70 км граница со Турција на југот и западот. Во покраината е сместен „Светиот Град“ Ечмиаѕин кој е центар на Ерменската Апостолска Црква и седиште на Сеерменската католичка црква. Историскиот град Сардарапад исто така се наоѓа во оваа покраина.

Тука се родени ерменско-американскиот композитор Едвард Манукјан и ерменскиот поп-пејач Арам Асатрјан.

Армавир се граничи со следниве области: Арагацотн - север Арарат - југоисток

На североисток се граничи и со мал дел на Ереван.

Надворешни врски Туристички водич за Армавир

Поврзано Административна поделба на Ерменија Ерменија

Категорија:Покраини во Ерменија Категорија:Кавказ