Слободниот град Данциг (; ) бил град-држава под заштита и надзор на Лигата на народите помеѓу 1920 и 1939, кој ги опфаќал балтичкото пристаниште Данциг (денешен Гдањск, Полска) и околу 200 други помали населени места во околината. Оваа држава била воспоставена на 15 ноември 1920, согласно Членот 100 (Секција XI од Дел III)PAPERS RELATING TO THE FOREIGN RELATIONS OF THE UNITED STATES, THE PARIS PEACE CONFERENCE, 1919, VOLUME XIII Section XI.—Free City of Danzig (Art. 100 to 108) од Версајскиот договор од 1919, по завршувањето на Првата светска војна.

Иако доминантно била населена со германско население, територијата била врзана со наметнатата унија со Полска, која ги опфаќала надворешната политика, одбраната, царините, железницата и поштата, и останала засебна како од поствоената Вајмарска Република и од новата независна Полска Република. Дополнително, на Полска и биле доделени одредени права поврзани со пристанишните објекти во градот.

Наводи

Категорија:Држави и територии настанати во 1920 година Категорија:Мандати на Друштво на народите Категорија:Градови-држави