Слободан Јованоски (роден 1961 година) е македонски алпинист, инструктор, планинар и познат и како учесник на Македонските Алпинистички Експедиции.
Планинарство
Член на планинарското друштво „Драчево“ - Драчево станал во 1980 година. Веднаш потоа одговорил на повикот за подготовки за циклусот Македонски алпинистички експедиции.
Алпинизам алт=Слободан Јованоски при искачување на Манаслу, во рамките на I МАХЕ „Манаслу '86“ во 1986 година.|мини|Слободан Јованоски при искачување на Манаслу, во рамките на I МАХЕ „Манаслу '86“ во 1986 година. Слободан Јованоски бил дел од Македонските Алпинистички Експедиции. Во 1980-тите години, по подготовките, тој учествува во Првата Македонската алпинистичка експедиција „Анди '82“. По учеството на I MAE „Анди '82“, две години подоцна, тој учествува и на Втората Македонска алпинистичка експедиција „Памир '84“. Две години потоа, во рамките на Првата Македонска алпинистичка хималајска експедиција „Манаслу '86“ Слободан Јованоски, Борче Јовчевски и Димитар Илиевски се дел од екипата која тргнува кон врвот но стигнува до Јужното Седло на височина од околу 7600 m н.в. и со тоа направиле прво повторување на Полската насока.
алт=Борче Јовчевски, Слободан Јованоски и Димитар Илиевски на Матка.|мини|Борче Јовчевски, Слободан Јованоски и Димитар Илиевски на Матка. алт=Од лево кон десно: Слободан Јованоски, Цветан Павловски и Панче Ѓорѓиевски, во Перу, во рамките на МАХЕ „Анди '82“ во 1982 година.|мини|Од лево кон десно: Слободан Јованоски, Цветан Павловски и Панче Ѓорѓиевски, во Перу, во рамките на I МАЕ „Анди '82“ во 1982 година.
алт=Слободaн Јованоски|мини|Слободaн Јованоски
На 5. Јули 2006 година сам се искачува на врвот Матерхорн по гребенот Хорнли, и со тоа го прави првото Македонско соло искачување на овој врв во историјата.
Создај извор