Струмица (позната и под имињата: Струмешница или Стара Река) — река која се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија и потоа со своето корито навлегува во Бугарија каде се влева како десна притока на реката Струма.
Должината на реката е 114 километри, од кои 81 на територијата на Македонија и 33 на територијата на Бугарија. Оваа река претставува и најголемата притока на Струма.
Течение
мини|300п|лево|Реката Струмица во Бугарија
Струмица е десна притока на реката Струма, и има должината од 114 километри, од кои 81 км од нејзиното течение се во Македонија, а 33 во Бугарија, иако според некои извори должината во Македонија изнесува 75,5 километри.
Вкупната површина на сливот изнесува 1.535 км2, со просечен пад од 18‰. Реката ги одводнува јужните падини на планините Плачковица и Огражден, североисточните падини на планината Смрдеш и северните делови на планината Беласица, како и Радовишкото и Струмичкото Поле и југозападниот дел на Петричко-санданската Котлина.
Извориштето се наоѓа на планината Плачковица и всушност го чинат најгорните делови на реките Радовишка и Ораовичка. Главниот извор е на кота 1.540 метри. Овие две реки се соединуваат во Радовишкото Поле, создавајќи водотек кој пред влезот во Струмичкото Поле го носи името Стара Река. Преку кратката Дервенска Клисура влегува во Струмичкото Поле, каде се именува како Струмица.
Во Струмичкото Поле покрај бројните поројни водотеци од планините Огражден и Беласица, ги прима и поголемите свои притоки: Нивичанска Река и Плавија од левата и Водочница од десната страна. Во минатото, поради големиот депониран нанос од пороите реката создавала мочуришни подрачја, како што е Моноспитовското Блато.
По граничниот премин Ново Село навлегува во бугарска територија откако тече во широка и плитка долина со многу меандри. Минува на околу 2 километри северно од градот Петрич и се влева од десно во реката Струма, на 93 метри надморска височина, на 2 километри североисточно од селото Митино. Речиси по целиот тек во Струмичкото поле во Македонија и Петричкото поле во Бугарија коритото и е коригирано со насипи за заштита на вода.
Границите на сливното подрачје се следните: на југозапад, запад, север и североисток – со сливот на реката Вардар, која се влева во Егејско Море; на север – со сливовите на реките Лебница и Рибник, десни притоки на Струма; на југ – со сливните подрачја на малите десни притоки на реката Струма, кои течат јужно од планината Беласица.
По течението на реката таа минува низ 12 населени места, од кои во Македонија – 9 населени места, 1 град и 8 села, а во Бугарија – 3 села.
Македонија Општина Радовиш – Радовиш; Општина Василево – Василево; Општина Струмица – Добрејци, Просениково, Дабиље, Босилово, Еднокуќево, Турново; Општина Ново Село – Ново Коњарево;
Бугарија Област Благоевград Општина Петрич – Струмешница, Првомај, Митино.
Притоки
мини|десно|250п|Поставка „Риби на реката Струмица“ во Природонаучниот музеј на Македонија во Скопје.
Притоки: → лева притока, ← десна притока
Во Македонија: → Пладнишка Река → Плавија ← Водочница ← Буковик ← Грабичка Река → Турија (најголема притока) → Азмак → Штука Река ← Стара Река ← Ломница → Ораовичка Река
Во Бугарија ← Свиговица ← Ремешница ← Кључка Река (Липница) → Градешница ← Јаворнишка Река ← Камешница ← Коларовска Река ← Иваник ← Луда Мара (Петричка Река)
Риби во реката
Во реката живеат следниве видови риби: лин, кефал, мрена, скобар, штука и други.
Значење
Реката Струмица е од непроценливо значење за земјоделството во Радовишкото, Струмичкото и Петричкото поле, бидејќи поголемиот дел од водите на реката се користат за наводнување во жешките летни месеци.
Галерија
Поврзано Струмица — истоимен град во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Реки во Македонија Категорија:Реки во Пиринска Македонија Категорија:Географија на Струмица Категорија:Егејски слив Категорија:Притоки на Струма Категорија:Меѓународни реки во Европа