десно|мини|200x200пкс|Како повеќето (но не сите) јужноамерикански џуџести циклиди, Apistogramma nijsseni е член на потсемејството Geophaginae. лево|мини|170x170пкс|И покрај тоа што се нарекуваат џуџести циклиди, мажјаците од Pelvicachromis pulcher често ја надминуваат конвенционалната максимална должина од 12 сантиметри.

Џуџест циклид — термин што го користат луѓето со хоби, кои се занимаваат со риболов за да опишат произволен збир на мали риби од семејството Cichlidae. Иако групата е широко користена во аквариумската индустрија и хоби, групата нема таксономска или еколошка основа, и е слабо дефинирана.

Иако џуџестите циклиди по дефиниција се мали циклиди, не постои прифатена максимална должина на џуџест циклид. Некои автори предлагаат да имаат максимум 10 сантиметри, додека други предлагаат да имаат максимална должина од 12 сантиметри. Терминот најчесто се користи за да се опишат мали јужноамерикански или западноафрикански видови кои се погодни за меки, кисели (pH 4 до 7) густо населени аквариуми, меѓутоа, некои аквариуми и автори вклучуваат во оваа „група на џуџести циклиди“ различни мали циклиди од алкалните африкански езера.Richter H-J (1989) Complete Book of Dwarf Cichlids. Tropical Fish Hobbyist, USALoiselle PV. (1994) The Cichlid Aquarium, Voyageur Press,

Џуџестите циклиди најдобро се приспособуваат во аквариуми кои што содржат многу растенија со тврди листови. Тие се обично срамежливи, но не и кога се размножуваат. Исто така тие се сметаат за идеални за живеење во заеднички аквариуми, иако не треба да се чуваат заедно со други неџуџести риби.

Наводи

Категорија:Риби