Одонтодите или познати како дермалните заби, се тврди структури кои се наоѓаат на надворешните површини на животните или во близина на внатрешните отвори. Тие се составени од мека пулпа која е опкружена со дентин и покриена со минерализирана супстанца како што е глеѓта, структура слична на онаа на забите. Тие генерално немаат иста функција како забите и не можат да се заменат со забите кај повеќето риби. Кај некои животни (поточно кај сомот), присуството или големината на одонтодите помагаат во одредување на полот.
Телото на хондрихтијаните ('рскавични риби) обично е покриено со одонтоди, додека пак за коскените риби карактеристични се минерализираните дермални лушпи. За време на еволуцијата кај коскените риби, нивните предци имале одонтоди (мали забести структури) кои постепено се модифицирале и се претвориле во дермални лушпи. Кај телеостеите, овие лушпи се развиле во елазмоидни лушпи – тенки, флексибилни и со сложена структура, што им овозможува на рибите подобра заштита и подвижност.
Етимологија Името „етимологија“ доаѓа од грчкиот збор „odontos“ што значи заб. Категорија:Ихтиологија Категорија:Анатомија на животните Категорија:Заби