мини|244x244пкс|Черепот на Proterogyrinus, емболомер кој го задржува интертемпоралниот дел (во боја на темноцрвена боја). Интертемпоралната коска е парна черепна коска која е присутна кај одредени резноперките и изумрени водоземци од типот четриношци. Таа е сместена во задниот дел од черепот, зад очите.

Голем број на лози на четириекстремитетни 'рбетници ја изгубиле интертемопралната коска. Такви се Acanthostega, Icththyostega, Colosteidae, Diadectomorpha, Lepospondyli и Amniote. Современите водоземци како што се жабите, саламандерите исто така немаат интертемопрална коска. Повеќето темноспондили немаат интертемопрална коска, иако неколку рани групи како едопоиди, двиносаури и разни други базални таксони ја задржуваат коската.

Тетраподните групи кои имаат интертемпорална коска обично ја имаат во контакт со темената коска по нејзиниот внатрешен раб, постфронталните и посторбиталните коски по нејзиниот преден и надворешен раб, а супрамтемпоралната коска по нејзиниот заден раб. Некогаш може да се случи интертемпоралната коска да ја допира и сквамозната коска во точката помеѓу нејзиниот контакт со посторбиталната и супрамтемпоралната коска. Кога ќе се изгуби интертемпоралната коска, или постфронталната и супрамтемпоралната коска се издолжуваат за да се допрат една до друга или париеталната коска се шири за да дојде во допир со посторбиталната коска.

Се претпоставува дека интертемпоралната е хомологна на посторбиталната плоча кај плакодермите и дермосфенотичната коска кај зракоперките.

Категорија:Анатомија на риби