Европска мрена или позната како камена мрена () — слатководна риба, со долго, рамно тело и мала уста опкружена со мустаќи - чувствителни влакна и припаѓа во родот Barbatula.
Опис Barbatula barbatula е прилично необична риба по изглед, благодарение на нејзините добро развиени мустаќи. Главата е донекаде сплескана одозгора, а нејзините мустаќи се наоѓаат околу устата, четири на врвот од муцката и две во аглите на устата. Дамките, кои наликуваат на мермер по својот шар, формираат попречни ленти по сивото тело. На перките има темни дамки. За разлика од другите, европската мрена нема лушпи и е долга од 7 до 11 см.
Навики, живеалиште, распространетост Barbatula barbatula е широко распространета риба која живее во сите европски води. Денот го поминува скриена меѓу камења и чакал, а благодарение на својата способност за камуфлажа, често не се гледа во бистри потоци со чакалесто дно, незагадени потоци и реки. Ноќе, излегува од своето засолниште во потрага по храна.
Три подвида од овој вид живеат во српските води.
Репродукција Во периодот на мрестење, рибата добива испакнатини на телото, а ова важи и за мажјаците и за женките. Овие риби се мрестат во пролет и во текот на летото, а женката ги положува - прицврстува лепливите јајца на водните растенија или во песок. Плодноста е до 6.000 јајца. Младите се хранат со мали организми на дното во водата.
Наводи
Надворешни врски
Барбатулус
Категорија:Риби на Европа Категорија:Краповидни Категорија:Риби Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј