Стаклен сом (Kryptopterus bicirrhis) — аквариумска риба од семејството Kryptopterus која природно ги населува водите на Тајланд, Малајскиот Полуостров и индонезиските острови Суматра и Борнео. Нејзините живеалишта се големи реки, често преминува во поплавени полиња. Стаклените сомови се организирани во јата до 100 единки.

Карактеристики Најкарактеристичната карактеристика на овој вид е тоа што е речиси проѕирен (најпроѕирен е од сите риби во светот) и може да се видат скелетот и абдоминалните органи, што особено привлекува многу љубители на аквариуми. Достигнува должина до 15.

Исхрана Во природата, стаклениот сом се храни со водни бубачки и помали риби , но исто така и со црви, ракови и инсекти. Во аквариумски услови, тој е ориентиран кон жива храна, како што се бели црви, тубифекс или дафнија, иако прифаќа и сува и замрзната храна.

Одгледување Ова е мирна риба која бара друштво, па затоа не е погодна за чување во аквариум каде што има многу активни риби, туку за чување на неколку единки од својот вид. Исто така, во аквариумот ѝ е потребен многу простор за криење, па поради оваа причина, погоден е аквариум со многу растенија. Исто така, и послабо осветлување е добро за овие риби. Водата треба да биде слабо алкална и не премногу тврда. Температурата на водата треба да биде околу 24°C.

Наводи

Категорија:Риби на Азија Категорија:Сомовидни Категорија:CS1-одржување: користи параметар authors Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Акваристика