Latimeria се род морски риби со коскен скелет во класата Coelacanthidae и редот Coelacanths (од старогрчкиот κοῖλ-ος, шуплив + ἄκανθ-α, 'рбет). Нивните најблиски роднини се дводишалките и четриношците. Latimeria се сметаат за најпознат пример за живи фосили.лево|мини|Зачуван примерок од Зоолошкиот музеј во Копенхаген Фосили од ова животно се стари помеѓу 409 и 70 милиони години. Се верува дека изумреле за време на креда период. Примероци од овој род се фатени во 1938 година покрај брег на Јужноафриканска Република и во 1999 година кај Сулавеси. Јужноафрикански вид е повторно регистриран неколку пати во ист регион (Јужна Африка, Коморите, Танзанија, Кенија).
Просечна тежина на видот што живее покрај југоисточен брег на Африка е 80 килограми а должина е до 2 метри. Возрасни женки се малку помали од мажјаци. Врз основа на коски во уво (отолити), научници заклучиле дека овој вид живее помеѓу 80 и 100 години. Нивно живеалиште е 90-200 м под површина на море, но може да се најдат и на длабочина до 700 м. Нивна боја е темно сина, што ги штити од предатори. Индонезиски вид е со кафеава боја. Нивни очи се многу чувствителни и ја рефлектираат светлината. Ловат во области со длабоки корални или вулкански гребени, исклучиво во многу темни услови.
Женки раѓаат живи млади кои веднаш се способни за самостоен живот. Нивна бременост трае 13-15 месеци.
Се проценува дека околу 500 преостанати единки од овој вид живеат во западен дел на Индиски Океан.
На Коморите, крлушките на оваа риба се користат како шмиргла.
Наводи
Надворешни врски
Коелакант - риба надвор од времето
Категорија:Палеонтологија Категорија:CS1-одржување: датумски формат Категорија:Морски риби