Атлантската остроносна ајкула (Rhizoprionodon terraenovae) — вид на сива ајкула од семејството Carcharhinidae, кои се среќаваат во суптропските води на северозападниот Атлантски Океан, на географска ширина помеѓу 43°N и 18°N.

Опис Атлантската остроносна ајкула е мала ајкула во споредба со другите. Максималната должина на видот кај атлантската остроносна ајкула може да достигне околу 110–120 цм, со просечна големина околу 91,4–99 цм. Постојат извештаи за овие ајкули кои живееле до 19 години во дивината. Карактеристична е тоа што кај младите ајкули имаат црни рабови на грбните перки.

Живеалште и исхрана Атлантските остроносни ајкули можат да се најдат дури на север од Њу Бранзвик, Канада, па сè до јужниот дел на Мексиканскиот Залив. Атлантските остроносна ајкули живеат во потопли плитки крајбрежни води, и често ги има во води поплитки од 10,1 метри длабочина.

Исхраната на атлантските остроносни ајкули се состои од коскени риби, црви, ракчиња, ракови и мекотели.

Созревање и размножување Атлантските остроносни ајкули се раѓаат со должина околу 29-37 цм. Во првите три месеци по раѓањето, тие растат околу 5 цм месечно. Потоа, во зима и пролет, просечната стапка на раст се намалува по 0,9 цм месечно, додека ајкулата да достигнела должина од 60-65 цм, кога стапката на раст на ајкулата се зголемувала за околу 1,3 цм месечно околу една година. Мажјаците созреваат на возраст од 2-3 години со должина од 80-85 цм, додека женките созреваат на возраст од 2,5–3,5 години, со должина од околу 84-89 цм.

Женките од атлантските остроносни ајкули се живородни и раѓаат од четири до шест младенчиња, но големината на леглото може да се движи од едно до седум младенчиња, по период на бременост од 10-11 месеци. Женките се размножуваат претежно во текот на целата година.

Заробеништво Општо земено, атлантските остроносни ајкули се посоодветни за јавни аквариуми или за многу искусни приватни акваристи за ајкули кои се способни да се грижат за нив. Овие ајкули се многу активни пливачи и им е потребен доволно простор. Аквариуми или езерца кои се со кружна или овална форма се најпогодни за овие ајкули. Пријавено е дека живеат најмалку 4 години во заробеништво.

Наводи

Категорија:Незагрозени видови според МСЗП

Категорија:Ајкули