Ненад Баткоски (роден на 25 февруари 1958 година во Вевчани, СР Македонија, СФР Југославија) е македонски новинар, публицист, писател и преведувач.

Рана биографија

Основното образование го завршил во родното место, а гимназија во Струга. Дипломирал новинарство на Факултетот за политички науки во Белград, каде паралелно студирал француски јазик на Филолошкиот факултет.

Новинарска кариера

Работел како професионален новинар во весниците:

„Борба“ (1979–1991) „Република“ (1991–1993) „Екопрес“ (1994) „Долар“ (1994–1995)

Бил директор и главен уредник на новинско-издавачката куќа „Бата прес“ (1996–1998), како и директор на списанието „МИС“ (1997–1998). Од 1999 до 2000 година бил главен уредник на новинската агенција МИА, а од 2001 до 2008 повторно ја водел „Бата прес“. Од 2008 година е главен уредник во истата издавачка куќа.

Меѓународна соработка

Соработувал со бугарскиот неделник „Време“ (1992), франкофонскиот дневен весник „Le Nouveau Quotidien“ од Лозана, списанијата „Hommes & Libertés“ (подоцна „Droits & Libertés“) и „Diagonales Est-Ouest“, како и со медиуми во Словенија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Во јули 1991 година, извештајот JPRS.EER-g1-096 на Joint Publications Research Service (JPRS) пренел една негова статија од весникот „Борба“, преведена на англиски под наслов Macedonian Dilemmas of Referendum, Secession.

Издавачка дејност

Како главен уредник на „Бата прес“ од 1995 година досега, подготвил за објавување над 350 наслови од македонски автори и преводи од странски автори. Преведува книжевни дела од француски, српски, хрватски, бугарски и други јужнословенски јазици. На македонски јазик се објавени негови преводи на повеќе од 30 книги.

Авторски дела

Македонска бизнис елита (Бата прес, Скопје, 1996) Димитар Илиевски – легенда на македонскиот шах (со Димитар Илиевски и Љубомир Хаџи-Манев, Бата прес, Скопје, 2017) Падот на Југославија и осамостојувањето на Македонија: од мојот новинарски дневник (Бата прес, Скопје, 2024). За оваа книга е објавена опширна статија - рецензија во списанието „Современост“, бр. 2/2025, стр. 110-158, под наслов „Референтен публицистички труд“ од проф. д-р Васил Дрвошанов. На крајот на книгата е објавен и индекс на имиња спомнати во книгата. Индексот на имиња е објавен на 5 страници на крајот на книгата.

Преводи (избор)

Ахмед Абдулмагид – Химна на мирот (2024) Меган Миранда – Последниот гостин (2024), Сите исчезнати девојки (2023) Ванеса Спрингора – Согласност (2023) Кристел Петитколен – Како подобро да се мисли (2022) Аднан Бинјазар – Мачката на поетот (2021) Нагиб Махфуз – Разговори на Нил (2017), Љубов на дождот (2018), Пансионот Мирамар (2018), Почитуваниот господин (2018), Срцето на ноќта (2018), Ново Каиро (2019) Јустејн Гордер – Мистеријата на пасијансот (2015)

Подоцнежна кариера

Од 2008 до 2022 година работел како советник во Министерството за одбрана, каде се пензионирал. Живее и твори во Скопје.