Портокаловиот хромид (Pseudetroplus maculatus) ― риба која е ендемска во слатководните и соленкастите потоци, лагуните и естуарите во јужна Индија и Шри Ланка. Видот е популарен кај хобистите кои се занимаваат со риболов и често се чува во аквариуми. Видот е дел од семејството Cichlidae и е вклучен во потсемејството Etroplinae. Достигнува должина до 8 см.
Исхрана Видот се храни со јајцата и ларвите на зелениот хромид, а исто така дејствуваат како „риби чистачи“ отстранувајќи паразити од поголемите риби со кои живеат во симбиоза. Видот се храни и со зоопланктон и алги.
Младите единки се хранат со мукозната обвивка на нивните родители, што е од суштинско значење за нивно преживување. За време на периодот на хранење, мукозните жлезди на родителските риби се зголемуваат за 34%.
Наводи
Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Риби