Ламар Трентон Ченси Богард (роден на 5 јануари 2004 година, во Ротердам) — холандски фудбалер, играч од одбраната или од средниот ред на .

Биографија Потекнува од семејство на фудбалери: тој е внук на Винстон Богард, братучед на Данило Дехи и помлад брат на Мелајро Богарде.

Клупска кариера Во септември 2020 година, 16-годишниот Богард се приклучил на Астон Вила од академијата на . Своето деби за првиот тим на Астон Вила го направил на 8 јануари 2021 година, започнувајќи како стартер во натпреварот од третото коло на ФА Куп против Ливерпул, натпревар во кој целата прва екипа на Вила била во карантин поради заразеност со КОВИД-19.

На 24 мај 2021 година, Богард бил дел од тимот на Астон Вила под 18 години кој го освоил ФА купот за млади, совладувајќи го Ливерпул во финалето со 2–1.

На 31 јануари 2023 година, Богард се приклучи на клубот од Лига Еден, Бристол Роверс, на позајмица до крајот на сезоната. По тешкиот почеток на неговиот престој во клубот, Богард го зацврстил своето место во тимот на позицијата централен играч од средниот ред, импресионирајќи го менаџерот Џои Бартон. На 18 август 2023 година, тој се вратил во истиот клуб на нова едносезонска позајмица, пред истата да му биде прекината во јануари 2024, кога бил повикан да се врати назад во Вила.

На 20 август 2024, Богард потпишал нов договор со Астон Вила и бил промовиран во првиот тим. На 31 август 2024 година, тој го направил своето деби во Премиер лигата, започнувајќи како стартер во победата со 2–1 на гости над Лестер Сити. На 17 септември, дебитирал во Лигата на шампионите, играјќи како стартер во победата со 3-0 над Јанг Бојс, што била првата победа на Вила во натпреварувањето после 41 година. Во сезоната 2024–2025, Богард забележал вкупно 16 настапи за Астон Вила во сите натпреварувања, профилирајќи се како универзален играч кој покрил повеќе позиции како централен дефанзивец, десен бек и неговата природна позиција како дефанзивен играч од средниот ред, бидејќи повредите и другите отсуства го барале тоа.

Репрезентативна кариера Од 2019 до 2023 година, Богард ја претставувал Холандија во неколку младински репрезентации: под 15, под 16, под 18 и под 20 години.

На 21 март 2025 година, Богард го имал своето деби за репрезентацијата под 21 година во победата со 2–1 над Италија во пријателски натпревар, во кој бил исклучен по добивање два жолти картони.

Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 14 јануари 2025 Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - - - - 1 0 2021-2022 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0 2022-јан. 2023 ПЛ 0 0 ФАКуп+ЛК 0+0 0 - - - - - - 0 0 јан.-јун. 2023 Бристол Роверс ФЛ1 18 0 ФАКуп+ЛК 0 0 - - - ТФЛ 0 0 18 0 2023-јан. 2024 ФЛ1 14 0 ФАКуп+ЛК 1+0 0 - - - ТФЛ 3 0 18 0 2024-2025 ПЛ 5 0 ФАКуп+ЛК 0+2 0 ЛШ 3 0 - - - 9 0Вкупно во кариерата 37 0 4 0 3 0 3 0 47 0

Титули Клупски Астон Вила ФА куп за млади : 1 2020-2021 Лига Европа : 1 2025-2026

Наводи

Надворешни врски

Ламар Богард на fbref Ламар Богард на transfermarkt Ламар Богард на espn Ламар Богард на whoscored

Категорија:Живи луѓе Категорија:Холандски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Бристол Роверс Категорија:Родени во 2004 година