мини|Марокански жени кои носат такшита Такшита е мароканска традиционална женска облека која, како и мароканскиот кафтан, се носела за прослави, особено свадби.

Структура Такшита е составена од два дела, фустан како прв слој, често од фина, но не и богато украсена ткаенина, и пораскошен втор слој или фустан кој често се закопчува напред. Горниот слој е често богато украсен со вез, монистра или светки. Некои жени ја носеле такшитата со ремен, кој исто така може да биде богато украсен.

Модерни толкувања Модерните интерпретации на традиционалната мароканска облека, особено такшита, кафтан и џелаба, се изложени на годишната модна ревија на кафтани во Мароко, а домаќин било мароканското модно списание Жените од Мароко. Хилари Клинтон носела такшита на државната вечера за кралот на Мароко во 2000 година.

Поврзано

Џелаба

Наводи

Надворешни врски Марокански кафтан или текчита што го носи кралското семејство Научете како да направите Такшита

Категорија:Народни носии Категорија:Мароканска култура