Мејпинг е вид вазна од кинеската керамика. Традиционално се користи за прикажување гранки од цветови од слива. Мејпингот првпат бил направен од камен за време на династијата Танг (618–907). Првично се користел како сад за вино, но од династијата Сонг ( од 960 до 1279 г.) станал популарен и како вазна од слива и го добил името „мејпинг“. Висока е, со тесна основа што грациозно се шири во широко тело, проследена со остро заоблено рамо, краток и тесен врат и мал отвор.

Можно е да имаат капаци и многу капаци несомнено се изгубени. Еквивалентната форма во корејската керамика, каде што е изведена од кинески примери, се нарекува Мебјонг. Посебна варијанта е „скратениот мејпинг“,каде што има само горната половина од вообичаената форма, што дава кратка вазна со широко дно. Ова е во голема мера ограничено на садовите од Циџоу. Наводи

Надворешни врски

Прирачник за кинеска керамика од Метрополитен музејот на уметност

Категорија:Статии со текст на кинески Категорија:Порцелан Категорија:Кинески ракотворби