Павловопосадски шал (), Павловски шал или шал од Повловски Посад е традиционална руска облека и ракотворба. алт=|мини|Павловопосадски шал На почетокот на 19 век, во Русија станало модерно да се носат волнени шалови. Првите шалови биле произведени во малото гратче Павловски Посад во Московската област во средината на 19 век. Основниот тон на волнените шалови е обично црн, додека композицијата на мотивите е мешавина од големи и мали цветни орнаменти. Мотивите на шаловите се најчесто рози.

Доминантна боја на шаловите отсекогаш била црвената, бидејќи оваа боја означува нешто убаво во руската култура. Понатаму, ориенталните и турските орнаменти на шаловите исто така биле популарни. Шаловите сè уште имаат голема популарност во Русија и околните земји.

Наводи

Категорија:Руски ракотворби Категорија:Облека