мини|Ла Булакења, слика од Хуан Луна од 1895 година, на која е прикажана жена од високата класа од Булакан која носи маска за местиза. Сликата понекогаш се нарекува „ Марија Клара “ поради облеката на жената. Барот сајата или баро ат саја (буквално „блуза и здолниште“) е традиционален фустан кој го носат жените на Филипините. Воедно, тоа е народна носија на Филипините која е комбинација од елементи на претколонијалните филипински и колонијалните шпански стилови на облекување. Традиционално се состои од четири дела:
Блуза (баро или камиса), Долго здолниште (саја или фалда), Шамија што се носи преку рамената (пањуело, фичу или алампај) Кратка правоаголна ткаенина што се носи преку здолништето (тапис или патадјонг).
Барот саја има повеќе варијанти, познати под терминот Филипиниана, вклучувајќи ја и аристократската трахе де местиза (traje de mestiza), позната и како María Clara; висајската кимона со нејзината везена блуза на кратки ракави или слична на пончо, споена со здолниште патадјонг како и унифицираната тоалета позната како терно и нејзината лежерна и коктел верзија, балинтавак. Машкиот еквивалент на барот саја е баронг тагалог.
Етимологија Барот саја терминот е скратена верзија на „baro at saya“, која во буквален превод значи „блуза и здолниште“ baro (кошула или облека) и saya (здолниште).
Историја
Предколонијална ера лево|мини|Тагалог магину (благородништво) кое носи баро во Боксерскиот кодекс (околу 15) Барот сајата била инспирана од два типа на облека кои ги носеле мапретколонијалниот период на Филипините: баро - едноставна кошула или јакна, без јака, со тесни и долги ракави; и тапис - кратка правоаголна или цевчеста ткаенина што се носела завиткана околу половината или висината на градите и ја зацврстувале со ремени, плетен материјал или ја врзувале преку едното рамо. Жените обично носеле и нарквици преку баро. Овие видови облека сè уште се присутни кај нехристијанизираните грпи на Филипините.
Шпанска колонијална ера мини|„Местизоси од Манила“ од Хуан Равенет, на кои се прикажани карираните тесни пари саја на домородните жени на Филипините во 18 век. Забележете ја и облеката во европски стил на мажите. (околу 1792-1794) лево|мини|Филипинка, слика од 19 век на жена од работничката класа во барот саја од Фабијан де ла Роса За време на колонпијалниот период, шанското свештенство претколонијалниот начин на облекување го сметало нескромно за жените и вовело долго здолниште (познато под шпанското име саја или фалда) што се носело под таписите. Во Висаите, патадјонг бил застапен подолго време, иако на крајот, во 19 век повторно бизаенет со саја.
До крајот на 18 век, секојдневна облека на жените од Филипините се состоела од две основни парчиња познати како парес („пар“саја што достигнувала до глуждовите и баро или камиса без јака (еднобојна или пругаста). Името парес било тесно поврзано со здолништето, кое за разлика од подоцнежните саи наликувало на обвивка, слично на претколонијалните таписи. Биле прицврстувани на половината со врвки и имале широки, рамни набори по линијата на половината. Делумно, барото било идентично со претколонијалното баро, со долги тесни ракави. Како и подоцнежните ансамбли, овие две парчиња облека обично биле надополнувани со тапис (кој сега се носи како надздолниште) и марама околу рамепањуело, фичу или алампај, (направена од истиот непроѕирен материјал како и здолништата).
Ткаенините што се користеле за изработка на првите саи обично биле од домашно производство. Подоцна, во 19 век, почнале да употребуваат слични, но увезени текстили, особено користеле камбаја која ја увезувале од Индија.
Сепак, недоволната широчина на парес сајата ги направила непрактични за секојдневниот живот. Во периодот од 1820-тите до 1840-тите, сајата била заменета со плисирано здолниште според западниот стил, позната како саја а ла маскота. За жените од повисоките класи, тие обично биле долги до глуждот, додека пак за жените од пониските класи, достигнувале до средината на листот за да се олесни послободното движење додека работеле. Должината на сајата до колена била дозволена и за млади девојки.
Пониските класи и аристократските класи Принципалија од средината на 19 век па наваму, се разликувале според дизајнот и елементите на фустаните кои ги носеле. Како за пример, таписите, кои биле уникатни за филипинските жени, станале многу пократки помеѓу 1840-тите и 1860-тите. Поради ова, тие биле поограничени на домородните Индијци, додека Шпанциите и некои местиси избегнувале да ги носат поради нивната сличност со деланталите (престилки) што ги носеле слугинките. Оваа дихотомија е прикажана од Хозе Ризал од 1887 година „Ноли со Тангере“ од 1887 година каде протагонистка Марија Клара носела тапис и барот саја, додека Доња Консоласион носела фустани по европски стил без тапис.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Национални симболи на Филипините Категорија:Барот саја Категорија:Народни носии