мини|Тунижанец кој носи шешија. Шешија (арапски: شاشية ) е традиционална капа која се носи во Магреб. Во споредба на европската беретка, шешијата првично е капа, обоена во црвено-црвена боја. До 19 век, шешијата често се носела опкружена со турбан.

Карактеристично за шешијата е тоа што таа е флексибилна и не треба да се споредува со фесот бидејќи тој е крут, конусен и висок. Зборот шешија се користи и за долга мека капа, прифатена од одредени француски колонијални воени сили, како што се: зуавите, тираљорите и спахиите.

Етимологија Зборот „шешија“ во Магреб означува капа што се става на главата околу која подолг временски период била обвиткана со парче ткаенина со цел да се формира турбан. Според магребскиот патник и истражувач Ибн Батута за време на неговиот престој во Шираз во 1327 година, самиот збор „шешија“ го добил своето име од придавката изведена од Шаш, името на денешен Ташкент во Узбекистан.

Историја

Потекло Се верува дека шешијата потекнува од Узбекистан. Во споредба со фесот, шешијата е пократка и е изработена од помалку крут материјал, па затоа е помека и пофлексибилна. До 17 век, изработувачите на шешија, се прошириле во главниот град Тунис. До 21 век, постапката за производство останала иста, но бројот на занаетчии кои ги изработувале овие капи значително се намалил. Додека пазарот во Сук Еч-Чауашине бил домаќин на околу 30.000 изработувачи, со што го достигнал врвот, до 2010-тите тој број се намалил на околу 20 изработувачи. Се проценува дека модерниот бизнис за изработка и продажба на шешија брои и над 2.000 работни места за занаетчии, а преостанатите шешии се продаваат во странство, првенствено во Либија, Нигерија и Нигер. Боите на шешијата варираат во зависност од земјата. Во Тунис е црвена, во Либија, шешијата обично е црна, додека пак верзијата во Бенгази е исто така црвена и вклучува реси. Во Мароко и во некои делови од Тунис, може да се види и во бела или сива боја.

Архивите на шпанскиот конзулат во Бејликот во Тунис од крајот на 18 век покажале дека Шпанија била заинтересирана за производството на шешиите. Нивната тајна за изработка ја изгубиле кога Морискосите биле протерани, а шпанската влада сакала да ја обнови за повторно да го започне производството во државните фабрики во Шпанија.

Во Тунис, секој што сакал да го практикува овој занает морал да помине темелен испит пред комитет од врвни занаетчии. Шешијата, создадена од нивната умешност, наскоро ги преплавила суковите. Од 1691 година, откако била изградена во Медина, нејзиниот успех обезбедил егзистенција за илјадници работници.“

Од 1920-тите, туниските сепаратисти сè повеќе ја носеле шешијата тестурија (по потекло од градот Тестур) бидејќи нејзиното име било слично на името на нивната партија, Дестур.

Занаетите во криза мини|Жители на Меденин носат шешија. По прогласувањето на независноста на Тунис во 1956 година и со прифаќањето на производителите и обичаите од Европа, имале за цел носењето шешија да биде само за време на празници и религиозни фестивали. Приходите на производителите биле засегнати и многумина биле принудени да се откажат од овој занает. Покрај тоа, луѓето што живееле на село имале тенденција да ја напуштат оваа традиционална капа во корист на нејзините поевтини и индустриски произведени еквиваленти. Отсуството на кохерентна владина програма била главната причина за овој пад во очите на традиционалистите.

Покрај тоа, многу специјалисти падот на овој занает го препишувале на самите производители, на кои им недостасувала креативност и иновативност. Сепак, кон крајот на 1990-тите, во обид да ја обноват оваа индустрија, многу занаетчии почнале да произведуваат нови сорти на шешии во различни бои, форми и декорации, со цел да привлечат повеќе клиенти. Оваа идеја многу брзо пропаднала бидејќи извозот на туниската шешија во африканските земји се намалил.

Од официјалните бројки во 2007 година дадени од страна на Туниското биро за традиционални индустрии во 2007 година дознаваме дека 80% од шешиите се извезуваат во Алжир, Либија и Нигерија, притоа и низ целиот Близок Исток, па сè до Азија.

Изработка мини|Работилница на туниски шешии Традиционалната шешија е изработена од чешлана волна, плетена од жени. Потоа капите се праќаат на полирање. Тие се навлажнуваат со топла вода и сапун и мажите ги газат со нозете за да ги натопат, со помош на што бодовите од плетењето речиси исчезнуваат. Потоа се врши обработка на трнот, кој се користи за размачкување или чешлање на шапката, со цел да се трансформира филцот во кадифе. Често трнот се заменува со четка со жици. Во оваа фаза од производството, шешијата се изработува во нејзината позната цинобер црвена боја.

Поделбата на трудот и географската распределба овозможуваат занаетчиско производство во голем обем, а воедно го одржуваат и квалитетот што го создава угледот на шешијата во Тунис. Дванаесет луѓе, од кои една третина се жени, учествуваат во производството кои се избираат според нивните човечки или материјални ресурси. Petre, Christine (April 27, 2015).

предење волна: Џерба и Гафса плетење: Аријана (од специјализирани жени наречени „кабасат“) полнење: Ел Батан (во водите на Меџерда ) чешлање: Ел Алија (од која е трнот) боење: Загуан обликување: Тунис завршни работи: Тунис

Наводи

Дополнително читање

.

.

Надворешни врски

. Категорија:Покривки за главата Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Статии со текст на персиски Категорија:Шешија Категорија:Капи