мини|Антички Хериски тепих Серапи Хериските теписи биле персиски килими од областа Херис во северозападен Иран, североисточно од Тебриз. Ваквите килими биле произведувани во истоименото село на падините на планината Сабалан. Хериските теписи се издржливи и можат да траат со генерации. Примери од вакви теписи од 19 век често се наоѓаат на продажба од страна на големите аукциски куќи во Соединетите Американски Држави и Европа. Делумно причината за цврстината на Хериските теписи е тоа што планината Сабалан се наоѓа на големо наоѓалиште на бакар. Трагите од бакар во водата за пиење на овците произведуваат висококвалитетна волна која е многу поотпорна од волната од други области. Овој вид на тепих е единствениот тепих во светот каде што се ткаат приказни од старите времиња.

Ткајачите на теписи од Херис често ги изработувале во геометриски, смели шари со голем медалјон што доминира во средината. Ваквите дизајни биле традиционални и честопати се ткаеле по паметење.

Слични килими од соседните градови и села во регионот Херис се Афшар, Мехрабан, Сараб, Бахшаиш, Зарнак и Гореван. Серапис, на пример, се смета за најдобра класа на Хериски тепих од почетокот на 20 век.

Хериските теписи се од груба конструкција. Теписите се движат од 30 чвора на 6.5 cm2 на најниската граница до – 100-110 чвора на 6,5 цм2 на највисоката граница. Ретко е да се најде на тепих над со над 100 чвора што би изгледал како автентичен Хериски тепих, освен ако не е антички свилен Хериски .

Галерија

Наводи

Категорија:Иранска култура Категорија:Персиски ракотворби Категорија:Теписи