Банкуарскиот коњ - вид на коњ од теракота, кој го произведувале грнчарите од селото Панчмура во округот Банкура, индиската држава Западен Бенгал. Карактеристичен е по „неговата елегантна положба и единствена апстракција на основните вредности“. Првично, го користеле за селски ритуали, а сега ги краси дневните соби низ целиот свет како симбол на индиската народна уметност. Воедно е и на логото на „Сите Индиски ракотворби“.

Традиција лево|мини|Теракотни коњи и слонови во Бишнупур Во Индија, традициите кои биле поврзани со овој коњ, датираат уште од најраните времиња. На периферијата на многу индиски села имало дрво пипал со фигури на теракота животни што лежат под него. Тие се симболи на исполнување на аспирациите на селските жители. За да ги задоволат комерцијалните барања на современиот глобален пазар, селските грнчари често ги комбинираат традиционалните рурални апстракции со рафинирани урбани вкусови за да прикажат дела од теракота уметност.

Центрите кои што се главни по производството на овој вид коњи се Панчмура, Раџаграм, Сонамуки и Хамирпур. Секој центар кој се занимава со производство на овој вид коњи, има свој посебен стил при самата изработка. Грнчарскиот стил Панчмура е еден од најдобрите и најфините стилови на изработка на теракотните коњи од сите четири вида.

Процес Различни делови од шупливите теракотни коњи се изработувале посебно на грнчарското тркало. Четирите нозе, врат на два дела и лицето ги изработувале одделно на тркалото, а потоа ги спојувале. Дополнителната глина се користела за поправање на дефектите што можеле да останат во обликот на телото. Листовидните уши и опашките биле изработувани во калапи, а подоцна ги вметнувале во жлебови кои биле оставени на телото. По овие постапки, добиените глинени фигури ги оставале да се исушат на сонце. По малку сушење на сонце, ги поправале дупките на одредени делови од телото со цел внатрешната и надворешната површина на телото да бидат подеднакво исушени. Пукнатините на телото се јавувале поради нееднаквото сушење на внатрешниот и надворешниот дел. Сушењето се вршело на нормална температура во затворена просторија во период од шест до седум дена. Откако ќе ги изваделе од просторијата, ги загревале на сонце. Подоцна, ги печеле.

Банкурските коњи ги има во две бои. Бојата се добивала преку модифицирање на атмосферата во печката: црвената боја на коњот ја добивале со испуштање на чадот низ отворите на печката за време на печењето при што се создавало оксидирачка атмосфера, а црната боја ја добивале преку запечатување на отворите и со помош на ова создавале редуктивна атмосфера.

Значајност Во регионот Рарх, теракота и дрвени коњи постојано се употребуваат. Луѓето ги давале коњите како жртви со цел да им ги исполнат желбите на боговите. Употребувањето на коњите како жртви било карактеристичноно за Дхарматакур.

Во 1957 година, на индиската поштенска марка го имало и Банкурскиот коњ.

Форма Со текот на времето, грнчарите се насочиле од реалистичната претстава кон апстрактна претстава. Наместо да го изработувале целото тело на животното, грнчарите од различни региони се фокусирале во изработка на одредени делови од телото на самото животното и овој начин на претставување на животното станал поважен од претставувањето на целото тело на животното.

Географска ознака Банкурскиот коњ е регистриран во пределите на Западен Бенгал, под името Банкура Панчмура Теракота Крафт на 28 Март 2018 година.

Поврзано

Ракотворби од Индија

Галерија

Наводи

Категорија:Индиски ракотворби