мини|Дело од Пит Мондријан, чија употреба на квадрати и боја е споредена со бојаги Бојаги ― традиционална корејска ткаенина која служи за завиткување. Бојагите имаат многубројни намени – се користат за завиткување подароци, при свадбени церемонии, како и во будистички обреди, каде што носат симболика на чистота и благослов.
Во поново време, тие се препознаени не само како практични предмети, туку и како традиционална уметничка форма. Често се претставуваат во музеи и културни институции, а нивната естетика и симболика инспирираат современи реинтерпретации во модата, архитектурата и дизајнот.
Историја Во традиционалните корејски народни верувања, чувањето на предмети завиткани и заштитени се сметало за симбол на среќа. Се верува дека најраната употреба на завиткувањата потекнува уште од периодот на Трите кралства, што укажува на нивната длабока историска и културна традиција. Иако од тој период не се зачувани оригинални предмети, постои широко прифатено мислење дека практиката на завиткување имала значајна улога во секојдневниот живот и симболиката на тогашните заедници.
Најраните примери на бојаги, кои се поврзуваат со династијата Чосон (1392–1910), најчесто се користеле во будистички контекст, каде служеле како чаршафи или прекривки за свети текстови – сутри. Со текот на времето, нивната функција се проширила и во секојдневниот и церемонијалниот живот. Бојагите изработени од платно имале особено значење при важни настани, како свадби или свршувачки, бидејќи се верувало дека употребата на ново платно ја симболизира грижата на поединецот за она што се завиткува, како и почитта кон оној што го прима подарокот. Оваа практика добивала особено големи размери во кралските свадби, каде што можеле да се создадат и до 1.650 бојаги, што ја нагласува нивната културна и симболичка важност во дворскиот живот.
Секојдневната употреба на бојаги значително опаднала во 1950-тите, а во Кореја тие не биле прифатени како уметнички предмети сè до крајот на 1960-тите. Од 1980-тите години наваму, во Кореја и ширум светот се одржувале бројни изложби посветени на бојагите, со цел да се истакне нивната убавина и културно значење, особено како дела создадени од корејски жени.
Во 1997 година, во серијата поштенски марки „Корејска убавина“ имало и четири марки со бојаги.
Години наназад, бојагите се изработувале рачно, додека во поново време рачниот начин на изработка бил заменет со изработка на машини.
Физички карактеристики Традиционално, бојагито имало квадратна форма, што ја правело практична и симболична во исто време. За завиткување на помали предмети се користеле бојаги со ширина од околу 35 сантиметри, додека за поголеми предмети се изработувале пошироки и пространи варијанти. За изработка на бојаги се користеле разновидни материјали, меѓу кои свила, памук, рамија и коноп. Палетата на бои била исклучително богата, опфаќајќи нијанси од црвена, виолетова, сина, зелена, жолта и розова, па сè до темно сина, бела и црна. Покрај основната функција, бојагите често биле украсувани на различни начини: можеле да бидат поставени или непопоставени, тапацирани, прошиени, а понекогаш и дополнително украсени со сликање, со тенки златни листови налик на хартија, со вез или со техники на пачворк.
Кралски бојаги (гунг-бо) мини|Ројал бојаги без крпеница Кралските ткаенини за завиткување биле познати како гунг-бо. Гунг-бо се изработувале од едно парче ткаенина и, иако не носеле потпис, било јасно дека зад нивната изработка стоеле прочуени занаетчии и дворски сликари. Овие кралски ткаеини претставувале врв на уметничката и занаетчиска традиција. Наспроти нив, мин-бо бојагите биле дело на непознати уметници и немале истата престижна вредност. Во кралскиот двор на Чосон, за изработка на бојаги најмногу се ценела домашно произведената ткаенина во нијанси од розево-црвено до виолетова боја. Овие ткаенини често биле насликани со дизајни, како што се змејови.
За разлика од повторната употреба на бојаги, стотици нови гунг-бо биле нарачувани за посебни пригоди – како кралските родендени и Нова година. Преку овие свечени ткаенини била нагласена раскошноста и величината на дворските церемонии, во контраст со практичната и штедлива употреба на бојагите во секојдневието. Имињата на жените кои биле вработени во дворот за изработка на бојаги за специфични кралски ритуали, се наведени во официјалните судски записи на Кралски протоколи. Во овие записи се појавуваат имиња на неколку жени кои постојано се споменуваат, што укажува на вредноста и високото ниво на вештина. Во осумнаесеттиот век, платите на жените кои ги изработувале овие ткаенини речиси биле изедначени со платите на машките занаетчии.
Обичен бојаги (мин-бо или јогак бо) мини|Бојаги од колекцијата на Музејот на уметност во Хонолулу Мин-бо, познати и како јогак бо, претставувале еден вид на крпеници во рамките на традиционалните бојаги. Токму овој вид на бојаги најчесто бил изработуван од обичните луѓе, кои од парчиња ткаенина создавале практични, но воедно и уметнички вредни предмети. За разлика од кралските гунг-бо, кои не наликувале на крпеници, тие биле изработувани од мали сегменти („јогак“) на ткаенина, добиени од остатоците што останувале при сечењето на кривините во традиционалната ханбок облека.мини|Свилени пачворк бојаги од колекцијата на Музејот на азиска уметност во Сан ФранцискоКорејските жени уште од рана возраст биле учени да бидат трпеливи и штедливи. Затоа, малите парчиња ткаенина ги одделувале во различни групи според материјалот, обликот, боите и тежината. Благодарение на овој процес, жените од династијата Чосон имале можност да ги изразат своите креативни таленти, при што самото шиење веројатно било слично на препишување на сутри.
Производителите на овие „крпеница“ бојаги не се труделе да ги сокријат шевовите, туку најверојатно верувале дека со секој додаден бод и парче ткаенина се акумулирале благослови и среќа.
Се шиеле и симетрични, „правилни“, како и навидум случајно „неправилни“ шарени ткаенини. Стиловите најверојатно биле избирани според естетскиот вкус на секоја поединечна жена, што овозможувало разновидност и личен израз во изработката на бојагите.
Како прекривки за храна мини|Бојаги од колекцијата на студии за траги од текстил во Котсен Јогак бо тесно се поврзани со начинот на чување на храна. Примерите што датираат од средината на 19 век па сè до почетокот на 20 век, и кои преживеале до денес, често имаат мала јамка од лента прикачена во центарот на квадратот, за да се олесни кревањето на прекривката од храната.
Бојаги со големина на маса пак, обично имаат ремени прикачени на аглите, со цел да се прицврстат на масата и да ги обезбедат предметите на место, особено кога масата се поместува.
Различни бојаги се користеле за покривање на храна, прилагодувајќи се на сезоните од годината. Во текот на летото, лесните ткаенини овозможувале подобра циркулација на воздухот, додека во зимските месеци помагале храната да се одржи топла.
За дополнителна практичност, бојагите понекогаш биле подложени со перничиња или обложени со подлога, што ја засилувало нивната издржливост и ја подобрувало нивната функција. За да спречеле валкање на бојагите од храна, нивната долна страна често била обложена со хартија намастена со масло.
За носење предмети Една од многуте употреби на бојагите е нивната практична функција при транспорт на предмети, како и за нивно покривање или складирање. Карактеристичен пример е аранжманот наречен „ранец“, каде што ткаенината се завиткува и врзува на специфичен начин, овозможувајќи предметите да се носат безбедно на грб.
Овој начин на користење ја покажува мултифункционалноста на бојагите – тие не се само декоративни или симболични, туку и практични алатки во секојдневниот живот.
Везен бојаги Везените бојаги, познати и како „субо“ (префиксот су значи вез), претставувале уште една форма на украсена ткаенина. На нив често се појавувале стилизирани дрвја како мотиви, кои варирале по стил – од едноставни и „наивни“ претстави, па сè до посложени и детално изработени композиции со прикази на цвеќиња, овошје, птици, змејови, облаци и симболи на среќа.Framed Royal Purple Wrapping Cloth with Peacocks Korean Art and Antiques Овие ткаенини тесно се поврзуваат со радосни пригоди како што се свршувачките и свадбите. Тие се користат за завиткување на предмети, меѓу кои подароци што семејството на младоженецот ги упатува кон новата невеста, како и симболичните дрвени свадбени гуски – метафора за верноста и заштитата што младоженецот ја нуди во брачниот живот.
Везот се изработувал со користење на предена нишка, која се нанесувала врз памучна или свилена подлога. По завршувањето на везењето, субо ткаенината често се обложувала, а понекогаш и се тапацирала, со цел да се зајакне нејзината структура и да се нагласи декоративниот изглед. За време на династијата Чосон, мајките на невестите често изработувале по десетици бојаги за своите ќерки, кои тие подоцна ги носеле во своите нови домови. Бидејќи голем дел од овие ткаенини се зачувале во беспрекорна состојба, јасно е дека нивната улога не била практична, туку симболична – тие служеле како знаци на наклонетост и добри желби за идниот брачен живот.
Романтични конотации Кироги по, или крпи за завиткување на свадбена гуска, претставуваат уште една форма на бојаги. Тие се користеле за завиткување на дрвена гуска која младоженецот ја подарувал на семејството на невестата за време на традиционалните корејски свадбени церемонии, симболизирајќи ја неговата верност.
Освен што биле обложени и везени, кирогите често биле украсувани со виножитови нишки, кои претставувале стебла од ориз – симбол на желбата на семејството за изобилство во брачниот живот. Дополнително, мотивите со дрвја, цвеќиња, овошје, пеперутки и птици најчесто симболизирале просперитет, чест, среќа и радост.
Современи референци и изложби мини|Изложба на бојаги во 2008 година во Меѓународниот центар и музеј за студии за јоргани Во Музејот на корејски вез во Сеул се чува колекција од околу 1.500 парчиња бојаги, со посебен акцент на јогак бо – крпеници кои по изглед и техника потсетуваат на јорган. Музејот бил основан од брачниот пар Донг-хва Ху (1926–2018) и Јанг-сук Парк (родена 1932), со главна цел да се зачува корејската уметност на везење и да се едуцира јавноста за нејзиното уметничко и историско значење. Нивната колекција на бојаги привлекла меѓународно внимание, со одржани шеесет изложби во единаесет земји ширум светот.
Во април 2018 година, Ху и Парк, поголемиот дел од својата колекција го донирале на Музејот на занаетчиска уметност во Сеул.
Музејските колекции кои се наоѓаат надвор од Кореја, како оние во Кјото, Лондон, Сан Франциско и Лос Анџелес исто така се познати по бојагите.
Стилот на јогак бо послужил како инспирација за многу уметници кои работеле во различни медиуми. Меѓу нив се истакнуваат и дизајнерите на облека, како на пример Ли Чунги, кои го пренеле духот на традиционалните крпеници во современи модни изрази. и Карл Лагерфелд бил инспириран од овој занает. Дури и фасадата на водечката продавница на францускиот јувелир Картие во Чеонгдам-донг наводно била создадена под влијание на традицијата на бојаги. Јапонските везачи работеле во овој стил.
Поврзано
Ханбок, традиционална корејска облека Фурошики, јапонска ткаенина за завиткување
Наводи
Категорија:Ракотворби