десно|мини|Слика во пештерите Аџанте со чадор од мрсна хартија, од 2 век п.н.е. до 6 век од н.е. мини|Чадор од мрсна хартија Чадор од мрсна хартија ― вид на чадор од хартија што потекнува од Кина. Потоа се проширил низ неколку југоисточни азиски земји, како што се Јапонија, Кореја, Малезија, Мјанмар, Бангладеш, Индија, Шри Ланка, Тајланд, Лаос, Виетнам, Камбоџа и Филипини — каде што бил понатаму развиен со посебни карактеристики.
Освен што се користат за сенка, чадорите од мрсна хартија се и традиционален свадбен предмет. На традиционалните кинески и јапонски свадби, почесната матрона ја покривала невестата со црвен чадор од мрсна хартија по нејзиното пристигнување за да ги одврати злите духови. Виолетовите чадори се симбол на долговечност за постарите лица, додека белите чадори ги користат на погреби. Чадорите од хартија се користат и како реквизити во јапонските традиционални танци и чајни церемонии.
Во раното општество Хака, два чадора обично се давале на девојките како мираз, што симболизира благослов за жената „наскоро да роди син“, комплимент за младенците во тоа време.
Во религиозните прослави, чадорите од мрсна хартија често може да се видат на свети места како заштитни прекривки - се користат за заштита на луѓето од дожд и сончева светлина и за бркање на злите духови. Денес, чадорите од мрсна хартија најчесто се продаваат како уметнички дела или сувенири.
Историја десно|мини|Чадор од мрсна хартија во Легендата за Белата Змија десно|мини|Поставка за чадори на неделниот пазар, Чиангмаи десно|мини|Фангки, син на Нага под чадор од мрсна хартија Раните материјали за чадори биле претежно пердуви или свила, подоцна заменети со хартија. Кога првпат се појавиле чадорите од мрсна хартија е непознато. Некои проценуваат дека се прошириле во Кореја и Јапонија за време на династијата Танг. Вообичаено се нарекувал „зелен чадор од мрсна хартија“ за време на династијата Сунг. Популарноста растела и чадорот од мрсна хартија станал вообичаен за време на династијата Минг. Чадорите често се споменуваат во популарната кинеска литература. До 19 век, чадорите од мрсна хартија биле вообичаен предмет во меѓународната трговија. мини|Жена во Шангај која држи чадор за сонце во облик на осумаголник, околу 1930-ти години
Основен процес на производство Процесот на изработка на овие чадори е различен во секој регион. Сепак, генерално, има неколку главни чекори:
Бамбусот се потопува во вода. Потоа се суши на сонце, се дупчи, се навојува и се склопува во скелет со конусна форма. Хартијата се сече и се лепи на скелетот на бамбусот. Се истрижува, се премачкува со масло и се изложува на сончева светлина. Подоцна, на чадорот се цртаат шари.
Кина Уметноста на изработка на кинескиот стил на чадори од мрсна хартија е главно фокусирана на традиционалното црно-бело кинеско сликарство, како што се цвеќиња, птици и пејзажи. Други изработки вклучуваат сцени од кинеската литература, како што се Сон во црвената одаја и Романсата во западната одаја. Некои чадори имаат цртежи со кинеска калиграфија наместо слики.
Јухан Во округот Јухан чадорите од мрсна хартија се произведуваат уште од 1769 година. Донг Венјуан поседувал продавница за чадори. Чадорите од мрсна хартија во Јухан се изработени со високи механички вештини и врвни материјали, што го обезбедува нивниот квалитет. Продолжената изложеност на сончева светлина и дожд не предизвикува штета, па затоа се популарни меѓу обичните луѓе. Многу патници кои минувале низ Јухан купувале чадори од продавницата за чадори на Донг Венјуан како сувенири за своите пријатели и роднини. Чадорите од мрсна хартија во Јухан можат да се купат во различни видови и различни намени, вклучувајќи ги и оние што се користат за риболов или како колекционерски предмети.
На 5 декември 2006 година, занаетчијата Лиу Јукуан се сретнал со владин претставник од округот Јухан и предложил да се обнови уметноста на производство во Јухан, со намера да се започне нов тренд во поп-културата и да се зголеми локалното богатство. Лиу потрошил неколку стотици јуани и купил неколку десетици чадори од бамбус од фабрика за чадори од бамбус. Локалните медиуми известиле за потрага по занаетчија за чадори од мрсна хартија и ја зголемиле локалната свест. Четири дена подоцна, четворица занаетчии: Фанг Џинкуан, Чен Јуе Сјанг, Шен Лихуа и Сун Шуиген ги пренеле своите вештини и техники на некои локални одгледувачи на бамбус и им донеле приход. Владините претставници на Јухан ја ставиле оваа уметност на списокот за голема заштита и важен антички артефакт (Закон за антиквитети).
Производството барало вешти раце и техника, како и лично искуство. Обуката за да се стане мајстор во производството на чадори од мрсна хартија барало чиракување и многу вежбање. Чираците морале да ги вежбаат вештините три години за официјално да ја совладаат оваа техника. Алатките ги изработувале професионални ковачи. Материјалот за чадорите се избирал внимателно. скелетот на чадорот е направена од бамбус или дрво, врзан со конци од коса. Најдобрите чадори се направени од цветови од праска, бидејќи површината на чадорот е натопена со пигмент. Натопените ливчиња од цвет се лепат на скелетот на чадорот едно по едно. Се цртаат слики на ливчињата од цветот од праска пред да се нанесе масло одозгора. Завршениот чадор се оставал да се исуши во сува темна просторија.
Сечуан Во Сечуан културата на чадори од мрсна хартија започнала околу крајот на династијата Минг и почетокот на династијата Чјинг. Чадорите од мрсна хартија постојат во Сечуан веќе четиристотини години. Тука, чадорите се извонредни со убави слики, изобилство на бои, а чадорите се познати и по својата способност да штитат од силни ветрови. Во мај 1993 година, шест искусни занаетчии поминале четири месеци произведувајќи еден чадор, кој бил направен од 88 борови стапчиња, 52 бамбусови стапчиња со 1.800 парчиња хартија, и 100 кг маслен пигмент. Производството на овој чадор барало над 70 процедури и се сметало за „кинески крал на чадорите“.
Во 2004 година, само околу триесет искусни занаетчии биле спремни да продолжат со ова производство на чадори. Многу луѓе биле загрижени дека вештините наскоро можеле да исчезнат. Во октомври 2005 година, на изложбата во Шангај била поканета локалната самоуправа на изложба на чадори од мрсна хартија, и оттогаш тие повторно стекнале популарност.
Современите локални занаетчии се уште го користат традиционалниот метод на производство, кој вклучува околу 70 процедури на целосно рачно производство во изработка на чадорите. Почнувајќи од сечење на бамбусот до сликање на сликите. Контролата на квалитетот е строга.мини|Изработка на чадори како домашна индустрија Џјанси Чадорите од мрсна хартија во округот Вујуан во покраината Џјанси се ортодоксни и убави по изглед, како и издржливи и преносливи.
За време на династијата Сонг, локален жител на Џјанси бил награден за канцелар, кој потоа донел чадор од мрсна хартија назад во Џјанси од еден голем град. Друг го подобрил прототипот и го предал на своите потомци. Се вели дека за време на династијата Чинг, кога царот Кангси бил на престолот, еден ден царот Кангси тајно отпатувал во Вујуан и врнело дожд. Царот Кангси видел дете кое фрлило камен кон чадорот, меѓутоа, каменот се одбил од чадорот без да го оштети. Царот Кангси бил изненаден од квалитетот и цврстината на чадорот од мрсна хартија.
Чадорите од покраината Џјанси го освоиле првото место на меѓународна изложба во 1936 година, а својот врв го достигнале во 1943 година, кога е забележано дека се произведувале 25.000 чадори, а се извезувале 17.000 годишно. Меѓутоа, во 2000 година, само тројца осумдесетгодишни занаетчии ја поседувале таа вештина на изработка на чадорите од мрсна хартија, а покрај тоа, една од суровините е во опасност од истребување.
Во моментов, во Вујуан има четири фабрики со нето вредност од осум милиони јуани и 1.800 работници.
Хунан Чадорите од мрсна хартија во покраината Хунан, датираат од пред околу 100 години.
Суровините за чадорот од мрсна хартија во Хунан се хартија од крзно, бамбус, памучна свила, јаже, масло од тунг, вода од јагоди, пигмент, кравји рог и дрво.
Во обичаите на населението на Јао, кое живее во Хунан, чадорот од мрсна хартија се користи како подарок за свршувачка од машката страна. Кога ќе се постигне договор помеѓу двете семејства, семејството од машката страна ангажира возрасен маж да предложи брак во куќата на потенцијалната невеста. Првата понуда не барала никаков подарок, туку само дозвола од родителите на невестата. На денот на свршувачката, машката страна требало да донесе чадор од мрсна хартија во куќата на невестата и да го постави на светата маса што се наоѓа во куќата, невестата мора лично да го земе чадорот од масата и да го затвори чадорот што е извезен со 12 триаголници. Потоа мажот мора да го врати чадорот од мрсна хартија во куќата на сопругот како доказ за успешна свршувачка. На враќање, мажот не смее сам да го отвори чадорот.
Хубеи Во покраината Хубеи, произведувале чадори од мрсна хартија во последните неколку стотици години. Во 1864 година, Сомун, кој по потекло бил од Хунан, инвестирал во продавница за чадори. Производството се движело со стапка од околу 500 до 600 чадори месечно. Сомун, исто така, ја зголемил популарноста на чадорот локално, подоцна проширувајќи го својот бизнис и стекнувајќи огромен профит.
Некогаш било модерно да се купуваат чадори за свадби, невестата носела син, додека младоженецот црвен чадор, со комбинирана конотација да имаат прекрасен брак. Во 1970 година, бизнисот со чадори од мрсна хартија престанал да работи.
Фуџјиан Чадор од мрсна хартија се произведува и во Фуџјиан. Производството започнало во 20 век со педесет илјади чадори годишно. Сепак, постепено, традиционалниот чадор од мрсна хартија бил заменет со склоплив чадор во 1970-ти години. Локалните занаетчии оттогаш се префрлиле на производство на мали и преносни чадори.
Чадорот од мрсна хартија во Фуџјиан бил познат по својот квалитет и издржливост на саемот во Панама во 1915 година и во Чикаго во 1933 година.
Во 1990 година, владин функционер, отишол во Сиетл на изложба на чадори, а црвениот чадор што го покажал предизвикал голем одѕив кај публиката. Сепак, продавницата за чадори во Фуџјиан се затворила во 1997 година, што резултирало со ниско производство со мал извоз во Јапонија. Иако локалните занаетчии за чадори веќе се занимавале со други работи, тие сè уште барале помош од локалната самоуправа за закрепнување на оваа уметност.мини|Долната страна на јапонски чадор од мрсна хартија Чадорот од мрсна хартија денес се користи за уметност и декорација. Постојат работилници и часови за луѓето да сликаат на чадорите на традиционален начин. Чадорите исто така служат како важен елемент на дизајнот на ентериери, при што е вообичаено да се видат изложени на места како што се луксузни ресторани и хотели, приватни домови, и музеи.
Јунан Производството на чадори од мрсна хартија во Јунан датира од пред двесте години, или девет генерации. Чадорите од мрсна хартија произведени во Јунан се квалитетно изработени, со изобилство на бои и имаат прекрасен изглед. Некогаш се продавале и во други провинции на Кина. Производството постепено се намалувало во текот на 1950-ти години. Производството на чадори од мрсна хартија сега е само за да се пренесат вештините и да се спречи исчезнувањето на овој занает локално.
За изработка на чадорот од мрсна хартија се користени специјални бамбуси.
Луѓето од народот Даи кои живеат во Јунан користат посебен вид хартија да се направи чадор од мрсна хартија, кој се премачкува со сусамово масло. Даи веруваат дека чадорот може да ги одведе мртвите во рајот. Овој вид чадор сè уште е достапен во едно село денес. Јапонија мини|Чадор од мрсна хартија што се користи на свадби во Рјукју