Археомитологијата се однесува на проучувањето на археологијата преку дисциплината митологија. Тоа е пристап развиен од Марија Гимбутас и главно се применува во земјите од Источна Европа. Коментирајќи во „Оксфордскиот прирачник за археологија на ритуали и религија“, Тоно Јонукс напишал: „И покрај нагласувањето на важноста на археологијата и користењето на нејзините извори во поголема мера од која било друга школа во балтичките земји, студиите за археомитологијата уште се базираат на фолклорот, а за археологијата се користи само селективно. Поголемиот дел од археолошкиот материјал што не можел да се помири со фолклорот бил изоставен и затоа многу феномени од минатите религии не се дискутирани бидејќи „не можеле да се споредат со фолклорот''.
Во рамките на институтот за археомитологија, самата студија можела да се дефинира како „посебен акцент на верувањата, ритуалите, општествената структура и симболиката на минатите и сегашните општества“. Причината зошто имало голем фокус на истражувањето во врска со археомитологијата била центрирана на „неолитските култури на Стара Европа и индоевропските општества од бронзената доба што ги заменила“. Интердисциплинарниот пристап на археомитологијата го сметале по аспектот на митологијата како „валиден дел од културното истражување“, но можело да се прикаже и како запис на митовите за „она што се случило во нашата далечна историја и била традиционално објаснување на природните или општествените настани“. Во рамките на митологијата, археологијата можела да го обнови животот во античките фолклори, потврдувајќи ја скриената вистина зад приказната и откривајќи ѓи динамичките портрети во човечката историја, бидејќи можела да ги потврди основните вистини како што е наведеното во книгата „Археомитологија“ од Крег Кодрос. Оваа може да се движи на различни фокуси, но дел од главното се фокусира на човечката историја и другите остатоци преку локалитетите кои се поврзани со митологијата. Покрај тоа, поголемиот дел од приказните и местата што се поврзани со темата Археомитологија честопати се нарекуваат многу свети митолошки приказни. Во самите места и приказни, сите тие најверојатно вклучуваат аспекти на „комбинирање на археологија, митологија, етнологија, фолклор, историска лингвистика, компаративна религија“.
Поврзано
Библиска археологија Псевдоархеологија Националистичка историографија Домородна археологија Еухемеризам Тор Хејердал
Наводи
Надворешни врски
Институт за археомитологија Категорија:Митологија Категорија:Гранки на археологијата