Патриотот Моријарти (, ) — јапонска манга во жанрот мистерија, за која сценариото го подготвува Рјосуке Такеучи, а илустрациите се дело на Хикару Мијоши. Делото е засновано на серијалот за Шерлок Холмс од сер Артур Конан Дојл. Приказната се сосредоточува на најголемиот непријател на Холмс, Вилијам Џејмс Моријарти. Серијата започнала со објавување во списанието за шонен-манга на издавачката куќа Shueisha, Jump Square, во август 2016 г., а до ноември 2025 г. нејзините поглавја се собрани во 21 том танкобон.

Аниме-серија како адаптација на мангата, во производство на студиото Production I.G, се прикажувала од октомври 2020 до јуни 2021 г.

Манга-адаптација на романите од Јосуке Саита, насловена како Патриотот Моријарти: Остатоци, се објавувала во Jump Square од март 2023 до јули 2024 г., а нејзините поглавја се собрани во три тома танкобон.

Содржина На крајот на XIX век, Британската Империја станала светска сила. Поради строгото класно раслојување, просечниот граѓанин има многу мали шанси за успех и напредок кон врвот, каде што суровото благородништво владее над сите.

Алберт Моријарти, најстариот син на грофот Моријарти, наоѓа две сирачиња — Луис и неговиот неименуван брат — кои споделуваат заедничка омраза кон корумпираното британско благородништво, и ги посвојува како свои браќа. Тие заедно кројат план да го убијат суровиот биолошки брат на Алберт, Вилијам, да го запалат семејниот имот и да започнат нов заеднички живот. Користејќи незаконски средства за да го уништат класниот систем, постариот брат на Луис го презема името и личноста на Вилијам.

Додека спроведува сложен план за убиство на благородник што ловел обични граѓани, Вилијам го запознава Шерлок Холмс, кој заклучува дека во убиството била вклучена трета страна. Ова кај Вилијам буди интерес за Шерлок, по што тој решава да ги испитува неговите способности со тоа што ќе му намести убиство.

Така започнува битката на умовите помеѓу двајца од најгенијалните луѓе што светот некогаш ги видел, додека Вилијам неуморно се стреми кон подобар свет, а Шерлок ја бара причината зошто токму тој бил избран од злогласниот Господар на Злоделото да игра улога во неговите убиства.

Ликови Вилијам Џејмс Моријарти (јап. ウィリアム・ジェームズ・モリアーティ) — средниот брат Моријарти и консултант за злодело. Тој поседува извонредна интелигенција и ја користи за да смисли совршени злосторства, надевајќи се дека ќе му стави крај на класниот систем и ќе го реформира општеството. Тој им помага на жртвите на злосторствата предизвикани од класната неправда да се одмаздат, подготвувајќи место на злосторството каде што самите жртви го извршуваат убиството без да остават никаков доказ за нивната вмешаност. Вилијам првично израснал во сиропиталиште пред да биде посвоен од Алберт, а личноста на вистинскиот Вилијам ја презел по неговото убиство.

Алберт Џејмс Моријарти (јап. アルバート・ジェームズ・モリアーティ) — најстариот од браќата Моријарти. Тој е единствениот биолошки член на првобитното семејство Моријарти меѓу тројцата браќа. Ги посвоил Вилијам и Луис откако посведочил колку е уништено неговото вистинско семејство и почнал да верува во соништата на Вилијам за преуредување на општеството. Служи како потполковник во британската војска пред да се пензионира за да управува со МИ6 под будниот надзор на Мајкрофт Холмс.

Луис Џејмс Моријарти (јап. ルイス・ジェームズ・モリアーティ) — најмалиот од браќата Моријарти и помлад биолошки брат на Вилијам. Како дете, тој страдал од непозната болест сѐ додека таткото на Алберт не бил изманипулиран да му овозможи операција што му го спасила животот. Тој му е целосно посветен на Вилијам, а со текот на времето ги презема предводничките улоги на двајцата свои браќа.

Шерлок Холмс (јап. シャーロック・ホームズ) — пријател и соперник на Вилијам. Тој работи како консултант детектив што му помага на Скотланд јард и на други клиенти во случаи што тие не можат да ги решат. Вилијам се заинтересира за него откако ја согледува неговата генијалност при нивната прва средба и продолжува да му ја „доделува“ улогата на херој во својот план за преуредување на општеството. Арно ама, Шерлок нема никаков интерес да биде изманипулиран, ниту пак да биде изоставен од единствената личност за која чувствува дека вистински го разбира.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2016 година Категорија:Аниме на Crunchyroll

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__